Array

Mission und Zweck

In Zeiten der raschen technologischen Entwicklung, Globalisierung, Informationsrevolution und Bildungsreformen, versuchen wir bereit zu sein, durch umfassende Änderungen und neuen Bedingungen als Herausforderung, kämpfen wir für unsere Position und Anerkennung, damit erreichen wir ein neues anwendbares Wissen, Qualität, Innovation und die Nutzung aller internen Potenziale der Schule.
Home
Одржан XXVI регионален натпревар по информатика PDF Drucken E-Mail
Montag, den 12. März 2018 um 18:58 Uhr

Традиционално како и секоја година, така и оваа учебна година се одржаа училишен и регионален натпревар по информатика МЕНДО - од областа на програмирањето, во организација на Здружението на информатичари на Македонија ЗИМ.

Сите натпревари во рамките на овогодишниот циклус натпревари се спроведуваат преку системот МЕНДО. Секое училиште имаше право да пријави тројца натпреварувачи на регионален натпревар, па затоа на 28.02.2018 поради поголем интерес на учениците во просториите на гимназијата Добри Даскалов беше одржан училишен натпревар кој имаше за цел да им овозможи на менторите да направат селекција на тројца претставници кои ќе го претставуваат училиштето на регионален натпревар. На училишниот натпревар учествуваа Милан Ангелов III-1, Филип Костов III-2, Стефан Ефтимов III-4, Виктор Бошков III-4, Филип Кимов III-5, Јован Камчев III-5, Даниел Џуланов III-5, Страше Наумов IV-1, под менторство на проф. по информатика м-р Зоран Милевски и Блаже Бањански I-2 под менторство на проф. по информатика Андосија Ристова.

Regionalen Natprevar Mendo 11-3-2018

XXVI регионален натпревар по информатика се одржа на 11.3.2018 во три региони и тоа: ФИНКИ во Скопје, ПСУ „Јахја Кемал“ Струга и ПСУ „Јахја Кемал“ Струмица. Нашето училиште се натпреваруваше во првиот регион на ФИНКИ во Скопје од учениците . Учениците добија пофалба за успешно учество и на Државниот натпревар што ќе се одржи на 24.3.2018 на ФИНКИ во Скопје поканети учесници од нашето училиште се Милан Ангелов III-1 и Блаже Бањански I-2. Им посакуваме успеси на натпреварите што следуваат.

28700744 1683691615012444 5589048551641031174 o

28619598 1683689621679310 3117703893852242335 o

Zuletzt aktualisiert am Dienstag, den 13. März 2018 um 22:35 Uhr
 

E-lernen

Banner

iOERc.mk

Banner

DIGITeachEUrope

Banner

Отворени едукативни ресурси

Schwarzes Brett

Banner

Staatsdiplom

Banner

Dauer der Unterrichtstunde

Banner
Banner
Banner
Banner
Banner