Знаењето е едно од ретките нешта што можат да се даваат и да се примаат безгранично. Мисијата на сите наставници е несебично да го делат знаењето на сите ученици што сакаат да го усвојат и да го примат. Наша цел е да ги мотивираме учениците како да учат, со креативни методи и техники коишто постојано ги усовршуваме, со најновите средства на информатичката технологија, што постојано ги обновуваме. Знаењето го создаваме, го пренесуваме и го имплементираме кај сите наши ученици. |
Посета на адвокатска канцеларија во рамките на предметот Практична настава |
![]() |
![]() |
![]() |
вторник, 13 март 2018 22:36 |
На ден 12.03.2018 год, учениците од II-7 клас при СОУ Гимназија "Добри Даскалов" од Кавадарци, во рамките на наставните часови по наставниот предмет "Практична Настава" со предметниот наставник Татјана Ралевска ја посетија Адвокатската канцеларија на Адвокат Зорица Илиевска, каде имаа можност да се запознаат со дел од дејствијата поврзани со образување на судски предмет како и со начинот на составување на договори во писмена форма. Учениците имаа можност да се запознаат и со одредени дејствија кои се превземаат за спречување на малолетничката деликвенција.
|