Array

Mission and goal

In times of rapid technological development, globalization, information revolution and educational reforms, we try and are ready to meet by embracing the changes and emerging conditions as a chalenge, fighting for our position and affirmation with the achievement of new  applicable knowledge, quality, innovation and utilizing all internal potentials within the school.

Home
Ученици од нашата гимназија земаа учество на Државниот натпревар по информатика PDF Print E-mail
Sunday, March 25 2018 12:06

Во организација на Здружението на информатичари на Македонија на 24 март 2018 год. се одржа XXIX Државен натпревар по информатика во просториите на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство - ФИНКИ, при Универзтитет „Св. Кирил и Методиј“  во Скопје. На натпреварот учествува 80 ученици од основните училишта во категоријата информатичко размислување,  20 ученици од основните училишта во категоријата програмирање и 110 ученици од средните училишта, од кои од најдобрите понатаму ќе ја претставуваат Македонија на натпреварите на меѓународно ниво.

Од нашето училиште на Државниот натпревар според освоените поени од претходните натпревари беа поканети да учествуваат двајца ученици и тоа Милан Ангелов III-1 клас, под менторство на проф. по информатика м-р Зоран Милевски и Блаже Бањански I-2 клас, под менторство на проф. по информатика Андосија Ристова. И двајцата ученици освоија пофалба за успешно учество.

Настанот го отвори претседателот на ЗИМ проф. д-р Миле Јованов кој што истакна дека во последните неколку години конкуренцијата на овие натпревари по информатика е се поголема и за тоа дека натпреварувачите успешно ја претставуваат нашата земја на интернационалните натпревари.

Во рамките на натпреварот се организира и работилница на тема „Новости во наставните програми по информатика“, презентација на можностите за студирање на надарените ученици на ФИНКИ и Научно предавање во амфитеатарот на ФИНКИ.

Photo 3-24-18 18 23 12

Photo 3-24-18 18 03 47

 Photo 3-24-18 18 11 13

Photo 3-24-18 18 10 29

Photo 3-24-18 18 22 21

Last Updated on Sunday, March 25 2018 12:29
 

e-Learning

Banner

iOERc.mk

Banner

DIGITeachEUrope

Banner

Отворени едукативни ресурси

Bulletin board

Banner

State Final Exam

Banner

Duration of classes

Banner
Banner
Banner
Banner
Banner