Array

Mission und Zweck

Wissen ist eines der wenigen Dinge, die man grenzenlos geben und empfangen kann. Die Mission von allen Lehrern ist selbstlos Ihr Wissen zu allen Schülern, die es übernehmen und annehmen möchten, zu teilen. Unser Ziel ist es, Schüler zu motivieren, wie sie mit kreativen Methoden und Techniken, die wie kontinuierlich verbessern und mit den neuesten Werkzeugen der Informationstechnologie, die wir ständig erneuern, lernen zu können. Die Kenntnisse, die wir erstellen, präsentieren und realisieren wir bei allen unseren Schülern.

Home Bildung Моќта на програмирањето – предавање на час по програмски јазици од студенти на ФИНКИ
Моќта на програмирањето – предавање на час по програмски јазици од студенти на ФИНКИ PDF Drucken E-Mail

Соработката на професорите со учениците не завршува откако тие ќе ги напуштат училишните клупи, па затоа на 10.04.2018 година по иницијатива на професорот по информатика м-р Зоран Милевски, за време на часовите по програмски јазици се одржа предавање на тема „Intro to Data Science “ за учениците од IV година - ПМА подрајче.

Предавањето се реализираше во соработка со наши поранешни ученици, сега студенти на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженесрство – ФИНКИ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Душко Клинчаров и Горан Митров, сега студенти во трета година несебично ја прифатија поканата за одржување на еден заеднички час кој што имаше за цел да им овозможи на учениците од IV година - ПМА подрајче, да ги слушнат споделените исуства од гостите кои пред многу краток период биле матуранти.

 Photo 4-10-18 07 52 38

Photo 4-10-18 07 16 54

Душко и Горан се и Демонстратори по предметите: структурно програмирање, објектно-ориентирано програмирање, оперативни системи, вовед во информатика на ФИНКИ. За минатата година тие добија ПРИЗНАНИЕ за особено постигнат успех за завршена II година и тоа Горан со просечен успех 9.91 и Душко со просечен успех 9.55.

Гостите-предавачи, го искористија времето на часот по програмски јазици да им презентираат на учениците за тоа што значи да се програмира и им покажаа на учениците за поврзаноста на материјалот кој што го изучуваат по предметот програмски јазици, како основен концепт при програмирањето, со осврт на моментално актуелните поими како IoT – Internet Of Things, Big Data, Databases, Data Warehouse, Бизнис интелигенција и Податочно рударење.

Photo 4-10-18 07 22 49

Photo 4-10-18 07 51 52

Photo 4-10-18 07 53 38

Ваквиот пристап и презентација пред учениците се покажа како интересна идеја, се реализира час којшто беше многу продуктивен. Покрај тоа што слушателите ги збогатија своите знаења за тоа која е моќта на програмирањето, за наставната едница која што ја изучуваат по предметот програмски јазици, тие ја искористија оваа прилика и да ги прашаат гостите околу некои нејасни прашања за нивното идно запишување на факултет и насоките коишто се нудат и се најинтересни.

Дополнителни предлози и комуникација ќе се извршува на системот за е-учење Moodle.

Презентацијата можете да ја погледнете во прилог...

 kratko-info

 

Zuletzt aktualisiert am Dienstag, den 10. April 2018 um 10:12 Uhr
 

E-lernen

Banner

iOERc.mk

Banner

DIGITeachEUrope

Banner

Отворени едукативни ресурси

Schwarzes Brett

Banner

Staatsdiplom

Banner

Dauer der Unterrichtstunde

Banner
Banner
Banner
Banner
Banner