Array

Мисија и цел

Во време на брз технолошки развој, глобализација, информатичка револуција и реформи во образовнието, се трудиме, подготвени да го дочекаме, прифаќајќи ги промените и новонастанатите услови како предизвик, борејќи се за својата позиција и афирмација со постигнување на нови применливи знаења, квалитет, иновативност и искористување на сите внатрешни потенцијали на училиштето.

 

Home Настава Посета на Собрание на Република Македонија
Посета на Собрание на Република Македонија PDF Печати Е-пошта

На 15 февруари 2018 година учениците од IV-7 клас, правен техничар и учениците од IV-6 клас, економски техничар, при СОУ Гимназија „Добри Даскалов” – Кавадарци, во рамките на наставната програма по практична настава, под менторство на Љубица Станоевска, професор по правни предмети, реализираа посета на Собранието на Република Македонија. Заедно со менторот и учениците, беа и Васка Петкова, професор по македонски јазик и литература, и Лоска Давчева, професор по економски предмети.

Photo 4-18-18 10 16 29

Photo 4-18-18 10 17 02

Учениците беа примени од страна на г-ѓа Соња Стаменкова, која учениците ги запозна со историскиот развиток на парламентаризмот во Република Македонија, од ослободувањето до денес. Таа посебно се задража на историските темели на Собранието на РМ кои биле поставени со Крушевската Република од 1903 година и АСНОМ од 1944 година, при што се надоврза на Народното Собрание на РМ од 1946 година и на Собранието на СРМ од 1963 година и 1974 година. По нејзиното излагање, со свое присуство нè удостои и почитуваниот пратеник од нашиот град, г-дин Бетиане Китев, кој одговараше на многубројните прашања на учениците и заедно со г-ѓа Саменкова на учениците им овозможија разглед на просториите и работните кабинети во Собранието на РМ, во кои пратениците секојдневно ги извршуваат своите работни задачи и обврски. По извршениот разглед на Парламентот, учениците искажаа задоволство од стекнатите нови знаења и од поврзаноста на теоријата со практиката. Се надеваме дека успешната соработа со Парламентот на РМ, ќе продолжи и во иднина. Голема благодарност до г-ѓа Соња Стаменкова која овозможи реализација на практичната настава за учениците од нашето училиште.

Прилогот го подготви,

Љубица Станоевска, професор по правни предмети

Photo 4-18-18 10 11 39

Последно освежено на среда, 18 април 2018 17:17
 

Систем за е-учење

Банер

iOERc.mk

Банер

DIGITeachEUrope

Банер

Отворени едукативни ресурси

Огласна табла

Банер

Информации за Државна матура

Банер

Времетраење на часовите

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер