Array

Mission und Zweck

In Zeiten der raschen technologischen Entwicklung, Globalisierung, Informationsrevolution und Bildungsreformen, versuchen wir bereit zu sein, durch umfassende Änderungen und neuen Bedingungen als Herausforderung, kämpfen wir für unsere Position und Anerkennung, damit erreichen wir ein neues anwendbares Wissen, Qualität, Innovation und die Nutzung aller internen Potenziale der Schule.
Home
Ученици од II и III година во посета на Основното јавно обвинителство - Кавадарци PDF Drucken E-Mail
Montag, den 07. Mai 2018 um 15:06 Uhr

Ученици од II и III година од економско - правно трговската струка при СОУ "Добри Даскалов" - Кавадарци, раководени од предметните наставници по "Практична настава" и "Основи на јавно право" , Слободанка Стојанова и Татјана Ралевска, на ден 03.05.2018 година ги посетија просториите на Основното јавно обвинителство - Кавадарци. Топлиот и љубезен пречек од страна на вработените во Основното јавно обвинителство беше само почеток на богатата дискусија која следуваше потоа. Стручниот соработник при Основното јавно обвинителство - Кавадарци Златко Бакев , на учениците им ја доближи положбата на Јавното обвинителство во кривичната постапка, текот на кривичната постапка, елементите што треба да ги содржи секоја кривична пријава како и за обврската на секој граѓанин да поднесе пријава доколку се сомнева во постоење на кривично дело. Потоа тој укажа на фактот дека во последните неколку години, значително се зголемил бројот на кривични пријави поврзани со социјалните мрежи а посебно со социјалната мрежа " Фејсбук". Во тој контекст тој ги поучи и посоветува учениците на голема претпазливост и внимание при користењето на социјалните мрежи. Исто така и поради секојдневното носење на мобилни телефони секој граѓанин е во опасност за злоупотреба на личните податоци и на документи со голема важност. Со случајното губење или на било кој начин одземен телефон нашите податоци можат бидат злоупотребени од " случајниот " пронаоѓач. Поради таа причина, кога ќе приметиме дека е изгубен нашиот телефон или се сомневаме во кражба, веднаш да пријавиме до надлежниот орган бидејќи само на таков начин ќе спречиме злоупотреба на нашите лични податоци. На самиот крај , поради големиот интерес на учениците, тој рече дека е подготвен за повторна средба во текот на наредните денови.

31958174 886438864873547 7397505057626783744 n  31959753 886438851540215 3559085818754629632 n

 

E-lernen

Banner

iOERc.mk

Banner

DIGITeachEUrope

Banner

Отворени едукативни ресурси

Schwarzes Brett

Banner

Staatsdiplom

Banner

Dauer der Unterrichtstunde

Banner
Banner
Banner
Banner
Banner