Array

Мисија и цел

Во време на брз технолошки развој, глобализација, информатичка револуција и реформи во образовнието, се трудиме, подготвени да го дочекаме, прифаќајќи ги промените и новонастанатите услови како предизвик, борејќи се за својата позиција и афирмација со постигнување на нови применливи знаења, квалитет, иновативност и искористување на сите внатрешни потенцијали на училиштето.

 

Home
Втора работилница од Еразмус+ проектот RAINBOW во Читанова, Италија PDF Печати Е-пошта
среда, 09 мај 2018 08:48

Во периодот од 30.04.2018 до 04.05.2018 г. професори и ученици од СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ Кавадарци учествуваа на втората работилница во Италија во рамките на Еразмус+ проектот RAINBOW – Right Attitude IN Building Our World. Работилницата се одржа во Средното училиште Michele Guerrisi, во Читанова, Италија и на неа учествуваа професори и ученици од училиштата партнери во проектот. Работилницата беше на тема - вода. На неа учествуваа Христинка Косовска, проф. по латински јазик, Кочо Кочов, проф. по македонски јазик и ученичките Ружица Петрова, Сара Димова и Рената Малевска.

IMG 20180502 083555

На самиот почеток учесниците на работилницата од земјите Македонија, Романија, Турција, Шпанија, Литванија, Бугарија и Италија беа пречекани во училиштето и на свечениот прием беа поздравени од директорката на училиштето г-ѓа Ангела Марија Колела. Директорката на училиштето воедно ги запозна учесниците со особеностите на италијанскиот образовен систем и го претстави средното училиште М. Guerrisi и градот Читанова. Беа претставени активностите што следат во рамките на работилницата, односно истражувањата на влијанието на водата и непрекината интеракција помеѓу природните елементи и ресурси со карактеристичните форми на населување на луѓето.

FB IMG 1525286222103

За време на работилницата учесниците учествуваа во активности и работилници во кабинетите по природни науки. Во Планетариумот во училиштето го следеа движењето на ѕвездите и планетите, во кабинетот по хемија учестуваа во експерименти на ладно процесирање на сапонификација со мешање на масла, како и на дестилирање на вино во дестилати. Работилницата на тема: Водата, пејсажните форми и хидрогеолошките ризици беше предводена од експерти од Медитеранскиот Универзитет во Реџо Калабрија и лабораторијата Landscape in Progress.

IMG 20180502 105128 

Учесниците на работилницата присуствуваа и на предавање за четирите природни елементи во литературата, филозофијата и правото во рамките на годишното собрание на Фестивалот за Литература и Право. Предавањето го водеа експерти по право и филозофија.

IMG 20180502 125409

Во рамките на активностите учениците учествуваа и во активности од два клуба: клуб по природни науки и клуб по историја. Во клубот по природни науки учениците истражуваа за водата во Читанова, за електролизата и за ондоскопот, а во клубот по историја за историскиот развој на фонтаните во Читанова, митовите за водата и теченијата на реките.

IMG 20180504 120349

Професорите – учесници во проектот имаа состаноци на кои ги претставија досегашните резултати и производи од активностите на проектот во изминатиот период помеѓу двете работилници и ги испланираа следните активности во периодот до наредната средба.

IMG 20180504 124408

IMG 20180503 155523Учесниците на овој Еразмус+ проект имаа наставно-научни посети и опсервација на локалитетите во Гераче и Локри на јонскиот брег, како и на градината Вила Карло Ругеро во Читанова која претставува национален споменик со историско и природно значење признат од италијанското Министерство за културно наследство. Потоа беше посетена и областа Сера Сан Бруно (Serra San Bruno) и локалниот музеј, Тиренскиот брег и Пицо Калабро (Pizzo Calabro) каде беше посетена и тврдината на Ј. Мурат, заменик крал на јужна Италија во име на францускиот император Наполеон Бонапарта и негов зет. При наставно-научната посета на Реџо Калабрија (Reggio Calabria) беа посетени Националниот музеј на Magna Graecia и Тиренскиот брег каде се разгледуваше интеракцијата на морето, копното и населувањето на луѓето во околината со мошне големо културно и научно значење. Исто истражување на околината беше како активност и во посетата на градовите Шила (Scilla) и Тропеа (Tropea) каде воедно беа посетени и тврдините на бреговите.

Исто така учесниците од Еразмус+ проектот го посетија градскиот совет каде беа пречекани од градоначалникот на Читанова.

Последниот ден од Еразмус+ работилницата во Читанова, Италија, учесниците ги претставија своите резултати и продукти од активностите во текот на работиницата при што им беа врачени сертификати за успешно завршена обука.

 

Последно освежено на четврток, 10 мај 2018 12:21
 

Систем за е-учење

Банер

iOERc.mk

Банер

DIGITeachEUrope

Банер

Отворени едукативни ресурси

Огласна табла

Банер

Информации за Државна матура

Банер

Времетраење на часовите

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер