Array

Мисија и цел

Во време на брз технолошки развој, глобализација, информатичка револуција и реформи во образовнието, се трудиме, подготвени да го дочекаме, прифаќајќи ги промените и новонастанатите услови како предизвик, борејќи се за својата позиција и афирмација со постигнување на нови применливи знаења, квалитет, иновативност и искористување на сите внатрешни потенцијали на училиштето.

 

Home
Гимназијалци и оваа година освоија светски признати Microsoft Office Specialist сертификати PDF Печати Е-пошта
недела, 20 мај 2018 19:18

Ученици од гимназијата Добри Даскалов и оваа година земаа учество на светскиот натпревар Microsoft Office Specialist, организиран од Certiport Inc. Овој натпревар претставува глобален натпревар кој ги тестира вештините на учесниците во Microsoft Word®, Excel® и PowerPoint® од MS Office 2013 или MS Office 2016. Со учество на овој натпревар учениците добија одлична прилика да ги покажат своите вештини, да се забавуваат и имаат можност да ја претставуваат Македонија во светот и да стекнат големо признание.

Светскиот натпревар за Microsoft Office Specialist се оддржува 15 години по ред, секоја година во САД. Оваа година ќе се оддржи во Орландо, Флорида, САД.

Од нашето училиште под менторство на проф. по информатика м-р Зоран Милевски, учествуваа учениците Страше Наумов IV-1, Теодор Делов IV-2 и Владо Димовски IV-3. Овие ученици полагаа квалификациски натпревар и успешно го положија со што добија можност бесплатно да се натпреваруваат за официјален Microsoft Office Specialist сертификат.

На 15 мај 2018 во просториите на Certiport во Скопје полагаа официјален испит, а ученикот Страше Наумов IV-1 постигна одлични резултати и се стекна со светски признат Microsoft Office Specialist сертификат.

MOS 2018

Последно освежено на недела, 20 мај 2018 22:14
 

Систем за е-учење

Банер

iOERc.mk

Банер

DIGITeachEUrope

Банер

Отворени едукативни ресурси

Огласна табла

Банер

Информации за Државна матура

Банер

Времетраење на часовите

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер