Знаењето е едно од ретките нешта што можат да се даваат и да се примаат безгранично. Мисијата на сите наставници е несебично да го делат знаењето на сите ученици што сакаат да го усвојат и да го примат. Наша цел е да ги мотивираме учениците како да учат, со креативни методи и техники коишто постојано ги усовршуваме, со најновите средства на информатичката технологија, што постојано ги обновуваме. Знаењето го создаваме, го пренесуваме и го имплементираме кај сите наши ученици. |
Државен натпревар по биологија |
![]() |
![]() |
![]() |
среда, 30 мај 2018 21:10 |
На Државниот натпревар по биологија кој се одржа на ПМФ - Институт по биологија - Скопје, на ден 19.05.2018 год. учестуваа ученици од нашето училиште и ги постигнаа следните резултати: Слободан Јовановиќ од I год. освои II место, Тодорка Тодорова од I год. освои III место, Мартин Гогов од I год. освои III место, Александра Кадрова од III год. пофалница, Елена Спирова од II год. пофалница, под менторство на проф. Елизабета Иговска. Им се заблагодаруваме за несебичното залагање и учество на натпреварите и им посакуваме успеси и понатаму. |