Array

Mission and goal

In times of rapid technological development, globalization, information revolution and educational reforms, we try and are ready to meet by embracing the changes and emerging conditions as a chalenge, fighting for our position and affirmation with the achievement of new  applicable knowledge, quality, innovation and utilizing all internal potentials within the school.

Home
Втора работилница од проектот „Млади репортери за животна средина“ PDF Print E-mail
Monday, June 25 2018 12:03

На 21,22 и 23.05.2018 година во Отешево се одржа втората работилница од Проектот „Млади репортери за животна средина“ на која учествуваа учениците од нашата Гимназија. Целта на проектот е да ги вклучи младите во општествениот живот преку лично ангажирање за одредени теми поврзани со одржливиот развој и заштитата на животната средина во нивните заедници.

На работилницата учествуваа 20 ученици и 4 ментори од 4 училишта од Македонија. Покрај нашите ученици, учество зедоа и учениците од Скопје, Берово и Гостивар.

Photo 6-8-18 19 35 27 2

Од нашата гимназија учениците беа од втора година и тоа: Костадинка Габева и Лилјана Чукаркова од II-1, Ана Илова II-2, Дијана Андова II-4 и Виктор Чучага II-5 клас, под менторство на Богде Коцева професор по биологија.

Учениците на предходната работилница која беше одржана во Скопје, во хотел „Континентал“ добија задачи да истражуваат, да анализираат и собираат податоци од различни теми. Темата на која работеа нашите ученици беше „Како да се обезбеди здрав живот и да се промовира благосостојба кај сите од секоја возраст?“

Photo 6-8-18 19 35 28

Photo 6-8-18 19 35 28 1

Целиот матерјал кој го собраа учениците, го средуваа во новинарски статии и документарни кратки филмови на самата работилница. Покрај активностите околу проектот, учесниците се запознаа меѓу себе, си ги споделуваа своите знаења и прекрасно се дружеа. Крајните производи од самиот проект, односно документарните кратки филмови ги поставија на некои портали од социјалните мрежи.

На учесниците им се заблагодаруваме за активностите и задачите кои совесно и одлично ги завршија, а на организаторите на проектот , граѓанското здружение ОХО им благодариме за организирањето и иницијативата за вакви работилници .

Photo 6-8-18 19 35 27 1

Photo 6-8-18 19 35 27

Photo 6-8-18 19 35 31

 

e-Learning

Banner

iOERc.mk

Banner

DIGITeachEUrope

Banner

Отворени едукативни ресурси

Bulletin board

Banner

State Final Exam

Banner

Duration of classes

Banner
Banner
Banner
Banner
Banner