Array

Мисија и цел

Во време на брз технолошки развој, глобализација, информатичка револуција и реформи во образовнието, се трудиме, подготвени да го дочекаме, прифаќајќи ги промените и новонастанатите услови како предизвик, борејќи се за својата позиција и афирмација со постигнување на нови применливи знаења, квалитет, иновативност и искористување на сите внатрешни потенцијали на училиштето.

 

Home За Нас Учество на гимназијалците во Вински карневал на „Тиквешки гроздобер 2018“
Учество на гимназијалците во Вински карневал на „Тиквешки гроздобер 2018“ PDF Печати Е-пошта

По повод манифестацијата „Тиквешки гроздобер-2018“, учениците од СОУ Гимназија„Добри Даскалов“ зедоа активно учество во Винскиот карневал кој се одржа на 9 септември (недела).

За збогатување на карневалското дефиле беа ангажирани повеќе гимназијалци кои со гордост го прифатија предизвикот оваа година достојно да го претстават славењето на грозјето, виното и  лозарството.

Поставката која продефилира на кавадаречкиот плоштад беше составена од соодветно костимографирани ученици со Dancing Queen.

Оваа година на учениците од драмската секција им припадна честа да го завршат карневалот со соодветен перформанс кој претставуваше прослава на виното и грозјето низ вековите до денес.

Вечерта заврши со богата културно –уметничка програма, многу забава и дружба на учениците со своите врсници.

Photo 9-13-18 15 30 28 1

Photo 9-13-18 15 29 32 1

 

Систем за е-учење

Банер

iOERc.mk

Банер

DIGITeachEUrope

Банер

Отворени едукативни ресурси

Огласна табла

Банер

Информации за Државна матура

Банер

Времетраење на часовите

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер