Array

Мисија и цел

Во време на брз технолошки развој, глобализација, информатичка револуција и реформи во образовнието, се трудиме, подготвени да го дочекаме, прифаќајќи ги промените и новонастанатите услови како предизвик, борејќи се за својата позиција и афирмација со постигнување на нови применливи знаења, квалитет, иновативност и искористување на сите внатрешни потенцијали на училиштето.

 

Home Настава Идната професија е одраз на личноста што сакаме да бидеме
Идната професија е одраз на личноста што сакаме да бидеме PDF Печати Е-пошта

Движејќи се кон крајот на средното образование, учениците се наоѓаат на крстопат во животот. Изборот за идната професија е многу голема и важна одлука што ја одредува личноста која сакаме да бидеме во животот и ја одредува нашата иднина.

За таа цел на 27.09.2018 во кино салата на училиштето, за прв пат по една година пауза се одржа дебата на тема „Мојата идна професија“ на која гостуваа овогодинешните добитници на наградата „7ми септември“ : проф, м-р. Страшо Темков- професор на Факултетот за музичка уметност, Скопје и Димитар Пецов- пензиониран професор по спорт и спортски активности од нашата гимназија.

Тие своите искуства и совети ги споделија со учениците, раскажувајќи ги своите животни приказни и патот до успешната кариера. На почетокот гостите и учениците ги поздрави директорката на гимназијата г-ѓа Невенка Поп-Ангелова, им  честита за наградите „може нема да ги изберете професиите на нашите гости но нивната успешна животна приказна ќе ве инспирира и мотивира да работите вредно и да го остварите својот сон“, а потоа и претседателот на ученичката заедница Ѓорѓи Стојанов кој се заблагодари во името на учениците.

Photo 9-30-18 12 46 34

20180927 151907

Оваа дебата ја започнаа истакнувајќи дека оваа важна одлука треба да ја донесе секој сам без влијание од другите, мотивирани да успеваат во одбраниот правец со цел со љубов да ја работат својата идната професија. Упорноста и истрајноста која треба да ја поседуваат за одрена работа ќе ги води кон успех со кои во иднина ќе придонесеме за себе и за луѓето околу нас. Да веруваме во невозможното бидејжи во одреден момент може да стане и тоа наша реалност. Постојано да ги надградуваме нашите знаења, да завршиме факултет, да магистрираме за да можеме и ние да инспирираме и да ја покажуваме љубовта кон нашата професија исто како што и тие се потрудија да ни ја пренесат на оваа дебата.

„Контактите се една од најважните работи во животот“- истакна проф. Страшо Темков, „Тие треба да се одржуваат, да се споделуваат искуства, бидејќи разни личности ни отвараат разни полиња од животот“.

20180927 150253

„Успехот на луѓето кои ги имаме мотивирано е и наш успех и гордост“-нагласи професорот Пецов кој целиот свој живот го посветил на младите, на спортот, на откривање нови таленти.

Учениците внимателно ги сослушаа нивните совети за кои се надеваме дека ќе им помогнат во нивниот избор, а гостите на крајот им посакаа успех најпрво во оваа учебна година и понатаму во животот како и вистински избор на професијата која со љубов ќе ја работат.

20180927 151911

Photo 9-30-18 12 46 34 1

Последно освежено на понеделник, 01 октомври 2018 20:32
 

Систем за е-учење

Банер

iOERc.mk

Банер

DIGITeachEUrope

Банер

Отворени едукативни ресурси

Огласна табла

Банер

Информации за Државна матура

Банер

Времетраење на часовите

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер