Array

Мисија и цел

Во време на брз технолошки развој, глобализација, информатичка револуција и реформи во образовнието, се трудиме, подготвени да го дочекаме, прифаќајќи ги промените и новонастанатите услови како предизвик, борејќи се за својата позиција и афирмација со постигнување на нови применливи знаења, квалитет, иновативност и искористување на сите внатрешни потенцијали на училиштето.

 

Home
Ученици во посета на Основниот суд во Кавадарци PDF Печати Е-пошта
вторник, 30 октомври 2018 08:48

На ден 18.10. 2018 год, учениците од II-7 клас при СОУ "Гимназија Добри Даскалов" од Кавадарци, во рамките на наставните часови по наставниот предмет" Практична Настава" со предметниот наставник Татјана Ралевска ги посетија просториите на Основниот Суд во Кавадарци , каде имаа можност да се запознаат со работата на судовите. Пред учениците, излагање имаше Претседателот на Основниот суд во Кавадарци Зоран Јосифов кој подетално ги запозна учениците со надлежностите на Основниот суд Кавадарци, како и со дејствијата поврзани со административно-техничките работи на судот. Потоа учениците имаа можност да ги посетат како просториите во граѓанскиот оддел така и просториите во кривичниот оддел.

На 25.10.2018 година на Европскиот ден за граѓанска правда учениците од ll и IVгодина, со образовен профил правен техничар при СОУ Гимназија " Добри Даскалов" Кавадарци, со Проф. Татјана Ралевска беа во посета на Основниот Суд Кавадарци. Пред учениците , свое излагање за судството во Р Македонија имаше Судијката Лилјана Ситниковска. Потоа за медијацијата и медијаторството во РМ зборуваше Медијаторката Роза Алексовска. На големо задоволство кај учениците а во согласност со законските и останатите правни прописи, тие имаа можност да следат и судска постапка од работен спор а овластен судија за овој спор беше Судијката Лилјана Ситниковска.

44968958 1024710171065991 1619984388999610368 n

45079402 171085133829991 8953050832513794048 n

45000087 314517615803265 8309121787577237504 n

 

Последно освежено на вторник, 30 октомври 2018 08:53
 

Систем за е-учење

Банер

iOERc.mk

Банер

DIGITeachEUrope

Банер

Отворени едукативни ресурси

Огласна табла

Банер

Информации за Државна матура

Банер

Времетраење на часовите

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер