Array

Mission und Zweck

In Zeiten der raschen technologischen Entwicklung, Globalisierung, Informationsrevolution und Bildungsreformen, versuchen wir bereit zu sein, durch umfassende Änderungen und neuen Bedingungen als Herausforderung, kämpfen wir für unsere Position und Anerkennung, damit erreichen wir ein neues anwendbares Wissen, Qualität, Innovation und die Nutzung aller internen Potenziale der Schule.
Home
Транснационална средба од Еразмус+ проектот RAINBOW во СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ PDF Drucken E-Mail
Dienstag, den 30. Oktober 2018 um 20:35 Uhr

Во СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ Кавадарци се одржа транснационална средба од Еразмус+ проектот RAINBOW - Right Attitude In Building Our World во периодот од 25.10.2018 до 27.10.2018 г. На неа од учествуваа професори oд нашето училиште заедно со професори од партнерските училишта во проектот од Романија, Турција, Шпанија, Литванија, Бугарија и Италија.

На самиот почеток на средбата учесниците беа пречекани во училиштето – домаќин и на свечениот прием беа поздравени од Директорката на училиштето г-ѓа Невенка Поп-Ангелова. Директорката на училиштето воедно ги запозна учесниците со образовниот процес во училиштето, како и со историјата на истото. Во продолжение беа претставени активностите што следат во рамките на средбата.

За време на средбата учесниците дискутираа за активностите во следните работилници во Литванија и Бугарија. Потоа учесниците дискутираа за интернет страницата на проектот и ги прикачија сите материјали коишто се изработени во изминатиот период.

001

002

За време на вториот ден од работната средба имаше дискусија за имплементацијата и евалуацијата на проектот. Тимовите работеа на планирање на активностите од проектот и нивна евалуација до 2019 година. Исто така се разговараше за Европас сертификат за мобилност, како и за неформалните активности во имплементацијата на проектот. Учесниците на проектот се запознаа со условите и начинот на предавање во нашето училиште и меѓусебно разменија искуства и примери на добра пракса.

Во рамките на средбата се одржа и научна посета на Музејот на град Кавадарци, Националниот парк Галичица, манастирот на Св. Наум, Музејот на Заливот на коските и Охрид. На научната посета се одржа работилница во која се разговараше за неформални дидактички приоди и методи, поврзувајќи ја водата со начините на живеење во неолитот, разновидната флора и фауна, како и за културата, традицијата и религијата во регионот.

003

004.2

006

007

008

009

010

9kjXrtxg-min

 

 

E-lernen

Banner

iOERc.mk

Banner

DIGITeachEUrope

Banner

Отворени едукативни ресурси

Schwarzes Brett

Banner

Staatsdiplom

Banner

Dauer der Unterrichtstunde

Banner
Banner
Banner
Banner
Banner