Array

Мисија и цел

Во време на брз технолошки развој, глобализација, информатичка револуција и реформи во образовнието, се трудиме, подготвени да го дочекаме, прифаќајќи ги промените и новонастанатите услови како предизвик, борејќи се за својата позиција и афирмација со постигнување на нови применливи знаења, квалитет, иновативност и искористување на сите внатрешни потенцијали на училиштето.

 

Home За Нас Ораторство „Сите лица на животот“
Ораторство „Сите лица на животот“ PDF Печати Е-пошта

По повод 15 Октомври - Европски ден на граѓанската правда, учениците од Гимназија „Добри Даскалов“ подготвија програма со наслов „Сите лица на животот“, во чест на починатата професорка по правни предмети Пандорка Јосифова од нашето училиште.

„Да се сака светот и животот, да се сака и покрај страдањата, со благодарност да се прифати секој сончев зрак и дури и во болката да не се заборави на насмевката - тој принцип никогаш нема да застари и денес е повеќе од кога и да е потребен и добредојден“- со овие зборови учениците им се обратија на присутните професори и гости.

Ораторите говореа за сите лица на животот: детство, безгрижност, пријателство, хуманост, трудољубивост, алтруизам, знаење, љубов, професионалност, добрина, среќа, тага, борба...Говореа за жената, нејзината сила и кршливост, говореа за нејзините права. Преку моќта на зборот ги потсетија присутните дека најважно во животот на човекот е семејството и љубовта во него.

45390896 517711222031999 8411186917952978944 n

Говореа за амбициите и соништата: „Вие сте родени со потенцијал. Вие сте родени со добрина и доверба. Вие сте родени со идеи и соништа. Вие сте родени со величественост. Вие сте родени со крилја. Не сте замислени да лазите, па затоа немојте. Вие имате крилја. Научете ги да ги користите и летајте“.

Авторските текстови на учениците беа проткаени со моќни мисли и стихови од светската литературна ризница.

„Храброста не е секогаш татнеж. Храброста понекогаш е тивкиот глас кој на крајот од денот шепоти: „Ќе се обидам повторно утре“.

Младите оратори ја сфатија магијата на зборот :„Подигни ги твоите зборови, а не твојот глас. Дождот е тој што прави цвеќињата да растат, а не грмотевиците“.

45153134 255969571785262 3046343079540817920 n  45156007 1864521623602237 2566890112147259392 n 

45176920 321911921959824 3412164711364427776 n  45179588 171687810439809 2148197686312960000 n

На крајот наместо поздрав просторијата ја исполнија зборовите: „Животот никогаш не смее да биде слава само на живите, зашто и мртвите некогаш биле живи, зашто и живите еднаш ќе бидат мртви и голем грев е нивната врска да се прекине. Смртта е врата,исто како и љубовта. Во иста вселена сме, во иста куќа, само поминуваме од една одаја во друга“.

Во проектот учествуваа ученици од втора, трета и четврта година: Драган Андреев, Ѓорѓи Стојанов, Стефан Попов, Ѓорѓи Ристов, Кристина Костадинова, Марија Глигорова, Андонија Тодорова, Владанка Аврамова, Стефанија Тодорова, Смиља Бошкова, Ана Новеска, Слободан Јовановиќ, Бранкица Несторовска, Елена Павлова и Душица Колева. Учениците работеа под менторство на професорите Душанка Иванова и Васка Петкова. Младите гимназијалци кои ги видовме во улога на оратори покажаа достоинство, знаење, почит и желба секоја година во училиштето да се одржува ораторство во кое ќе ги покажат своите говорни вештини.

Плакат линк

45184340 311575279434714 8655799513211994112 n  45215943 1157336157764281 2919506463292391424 n

 

Систем за е-учење

Банер

iOERc.mk

Банер

DIGITeachEUrope

Банер

Отворени едукативни ресурси

Огласна табла

Банер

Информации за Државна матура

Банер

Времетраење на часовите

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер