Array

Мисија и цел

Знаењето е едно од ретките нешта што можат да се даваат и да се примаат безгранично. Мисијата на сите наставници е несебично да го делат знаењето на сите ученици што сакаат да го усвојат и да го примат. Наша цел е да ги мотивираме учениците како да учат, со креативни методи и техники коишто постојано ги усовршуваме, со најновите средства на информатичката технологија, што постојано ги обновуваме. Знаењето го создаваме, го пренесуваме и го имплементираме кај сите наши ученици.

Home
Посета на DMM Draexlmaier Кавадарци PDF Печати Е-пошта
вторник, 13 ноември 2018 00:44

Учениците од IV-6 од струка економски техничар кои го изучуваат предметот Менаџмент и дел од учениците од IV-7 од струка правен техничар кои го изучуваат предметот Организација и Практична настава, заедно со проф. м-р Жанета Делова, проф. Татјана Ралевска и проф. Слободанка Станоева на ден 26.10.2018 год. Петок ја посетија компанијата Draexlmaier Кавадарци.

Учениците беа запознаени со почетоците на компанијата. Станува збор за семејна компанија Draexlmaier Group, основана во далечната 1958 год. со главно седиште во Германија и со околу 70.000 вработени низ целиот свет, и тоа во Америка, Азија, Европа и Африка. Снабдуваат топ 100 автомобилски добавувачи меѓу кои се вбројуваат Audi, BMW, Bugatti, Cadillac, Jaguar, Lamborghini, Land Rover, Maserati, Mercedes-Benz, MINI, Porsche и Volkswagen.

45828274 1930605980320738 9201071093480161280 n

45828061 1760603687401178 5064246627917627392 n

Во Кавадарци започнува со работа во 2012 год. и во моментот има повеќе од 5.000 вработени, кои рачно изработуваат ентериер, кабелски сетови, електрични компоненти и сл. за автомобилската индустрија изработени по барање на клиентот. Денес компанијата Draexlmaier во Кавадарци е еден од најголемите работодавачи во земјата. Вработените имааат еднакви услови и исти стандарди како во Кавадарци, така и во светот.

45823327 1882447438539727 8488145155574988800 n

46047385 544487019297644 8486950407342391296 n

45979412 337121433718731 3105727994614775808 n

 

Систем за е-учење

Банер

iOERc.mk

Банер

DIGITeachEUrope

Банер

Отворени едукативни ресурси

Огласна табла

Банер

Информации за Државна матура

Банер

Времетраење на часовите

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер