Знаењето е едно од ретките нешта што можат да се даваат и да се примаат безгранично. Мисијата на сите наставници е несебично да го делат знаењето на сите ученици што сакаат да го усвојат и да го примат. Наша цел е да ги мотивираме учениците како да учат, со креативни методи и техники коишто постојано ги усовршуваме, со најновите средства на информатичката технологија, што постојано ги обновуваме. Знаењето го создаваме, го пренесуваме и го имплементираме кај сите наши ученици. |
Одржан регионалниот натпревар по спелување |
![]() |
![]() |
![]() |
понеделник, 19 ноември 2018 20:04 |
На 17.11.2018 во Неготино се одржа регионалниот натпревар по спелување за учениците од седмо одделение(основно) и втора година средно (класична и билингвална паралелки). Од нашето училиште учествуваа учениците Стефан Петров и Андонија Тодорова од II 3 и Ивона Златкова од II 2 под менторство на професор Светлана Несторова –Мицев. Тројцата покажаа одлична подготвеност и се пласираа на државниот натпревар што ќе се одржи на 01.12.2018 во Скопје. Ивона Златкова го освои прво место во категоријата класична гимназија. Bonne chance à tous les trois au concours national.
|