Знаењето е едно од ретките нешта што можат да се даваат и да се примаат безгранично. Мисијата на сите наставници е несебично да го делат знаењето на сите ученици што сакаат да го усвојат и да го примат. Наша цел е да ги мотивираме учениците како да учат, со креативни методи и техники коишто постојано ги усовршуваме, со најновите средства на информатичката технологија, што постојано ги обновуваме. Знаењето го создаваме, го пренесуваме и го имплементираме кај сите наши ученици. |
Подготовка за нова интеркултурна размена во Швајцарија со ученици од нашето училиште |
![]() |
![]() |
![]() |
понеделник, 03 декември 2018 18:05 |
Со претстојното едукативно патување на нашите 8 ученици од Гимназијата „Добри Даскалов“ и супервизор од нашето училиште професорот по информатика Зоран Милевски во Троген – Швајцарија како интеркултурна размена во рамките на проектот „Имплементација на Конвенцијата на правата на детето во Македонија“, нашето училиште по 6ти пат ќе учествува на овој проект, а досега успешно имаат учестувано 9 групи на ученици. За време на двонеделниот престој учениците учествуваат на работилници каде стекнуваат нови знаења. Покрај тоа тие се збогатуваат и со работни навики и самостојност со цел да можат да имаат организиран начин на живот. Секоја година интересот кај учениците е се поголем, а оние кои се избрани подоцна ги споделуваат своите искуства и впечатоци. Овие проекти се од особена важност за развивање на нови пријателства и вештини, ценење на природните убавини, како и осознавање и истражување на другите култури. Се надеваме дека во иднина и нашиот град ќе може да спроведе иницијатива за остварување на слични работилници со цел на интересен начин да се развијат позитивни особености и навики со кои младите ќе можат да успеваат во животот. На избраните ученици им посакуваме пријатен и успешен престој во Швајцарија. Во продолжение се неколку линкови од досегашните размени и фотографии. Избрани учениците кои ќе патуваат во Троген Ученици од Гимназијата во Троген - Швајцарија Се вратија учениците од Троген Ученици од нашето училиште учесници на интеркултурната размена во Троген, Швајцарија Пренесено знаењето и искуството стекнато на интеркултурната размена во Троген, Швајцарија |
Последно освежено на понеделник, 03 декември 2018 21:17 |