Array

Мисија и цел

Знаењето е едно од ретките нешта што можат да се даваат и да се примаат безгранично. Мисијата на сите наставници е несебично да го делат знаењето на сите ученици што сакаат да го усвојат и да го примат. Наша цел е да ги мотивираме учениците како да учат, со креативни методи и техники коишто постојано ги усовршуваме, со најновите средства на информатичката технологија, што постојано ги обновуваме. Знаењето го создаваме, го пренесуваме и го имплементираме кај сите наши ученици.

Home
Во рамките на предметот Практична настава ученици остварија средба со Градоначалникот на Општина Кавадарци PDF Печати Е-пошта
среда, 26 декември 2018 11:26

На ден 20.12. 2018 год, учениците од клас II 7 и клас III 7 при СОУ "Гимназија Добри Даскалов" од Кавадарци со образовен профил правен техничар, во рамките на наставните часови по наставниот предмет "Практична Настава" со предметните наставници Татјана Ралевска и Слободанка Стојанова остварија средба со Градоначалникот на Општина Кавадарци Господин Митко Јанчев . Се дискутираше за повеќе теми а акцентот беше ставен на задржување на младите образовани кадри во Кавадарци како и во планирањата за развивање на Кавадарци во модерен град. Учениците имаа можност да поставуваат прашања за се што е во нивни интерес. На крајот од средбата Градоначалникот Митко Јанчев им вети на учениците дека во наредните денови тој ќе биде гостин во СОУ Гимназија " Добри Даскалов - Кавадарци на што учениците му изразија големо задоволство.

49204529 616064552159460 4948817427627507712 n

48423391 2421209777894592 4535371781086642176 n

48414937 2205812489685465 8608103124000833536 n

 

Систем за е-учење

Банер

iOERc.mk

Банер

DIGITeachEUrope

Банер

Отворени едукативни ресурси

Огласна табла

Банер

Информации за Државна матура

Банер

Времетраење на часовите

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер