Array

Mission und Zweck

In Zeiten der raschen technologischen Entwicklung, Globalisierung, Informationsrevolution und Bildungsreformen, versuchen wir bereit zu sein, durch umfassende Änderungen und neuen Bedingungen als Herausforderung, kämpfen wir für unsere Position und Anerkennung, damit erreichen wir ein neues anwendbares Wissen, Qualität, Innovation und die Nutzung aller internen Potenziale der Schule.
Home
Прва работилница од Еразмус+ проектот Schools go ditital PDF Drucken E-Mail
Donnerstag, den 17. Januar 2019 um 18:07 Uhr

Во периодот од 09.01.2019 год. – 14.01.2019 год се оддржа првата работилница од проектот Schools go ditital од Erasmus + програмata во Измир, Р.Турција, во кој учество покрај нашето училиште СОУ Гим.“Добри Даскалов“- Кавадарци земаа училишта од следниве земји: Турција, Романија, Италија и Латвија. На оваа работилница од нашето училиште учество земаа Директорката Невенка Поп-Ангелова, Христинка Косовска професор по Латински јазик, Благородна Лазова професор по Информатика и Жанета Делова професор по Економски предмети.

На оваа прва работилница се запознаа партнерите меѓусебно и разгледаа алатки за дигитално учење кои ги користат истите во своите училишта.

1

2

По топлиот пречек од страна на вработените од училиштето домаќин Oguzhan Ozkaua Fen Lisesi се отпочна со презентација на тема: „ Симфонијата на „blended“ учење од страна на универзитетскиот професор Синем Атамсој, каде се истакна значењето на „blended“ учење како наставникот да се подготви за да го примени истото во својата настава, со цел да се развие една поинаква комуникација меѓу наставникот и учениците. Следуваше презентација на алатките за дигитално учење од страна на сите земји учеснички во проектот и како истите ги користат во своите наставни содржини и предавања. Овие алатки претставуваат олеснување при совладување на наставниот процес и комуникација со учениците на дигитален начин. На крајот беа планирани активности за наредните средби потреби за нивна реализација.

3

4

5

6

Учесниците имаа можност да го посетат и подрачното одделение на Министерството за образование на Турција. При посетата се оствари средба со претставник од истото одделение каде беше дискутирано за нивниот образовен систем како и начинот на реализација на истото и споредба со образовниот систем на другите земји-учеснички во проектот.

На големо задоволство и за двете училишта, а по иницијатива на Диреркторката Невенка Поп-Ангелова, училиштата СОУ Гим. „Добри Даскалов“ – Кавадарци и училиштето Oguzhan Ozkaua Fen Lisesi склучија Меморандум за билатерална соработка, со што се очекува нивната соработка да продолжи и на поширок план.

На крај не може, а да не се спомене и восхитот и задоволството од посетата од страна на учесниците на некои значајни знаменитости како што се: Куќата на Богородица која живеела во ова „историско“ место околу седум години и стариот антички град Ефес, како и следење на самиот процес на производство и цртање на традиционално-вајарски производи.

7

9

10

11

 

E-lernen

Banner

iOERc.mk

Banner

DIGITeachEUrope

Banner

Отворени едукативни ресурси

Schwarzes Brett

Banner

Staatsdiplom

Banner

Dauer der Unterrichtstunde

Banner
Banner
Banner
Banner
Banner