Array

Mission and goal

Knowledge is one of the few things that can be given and received infinitely. The mission of all teachers is to unselfishly share the knowledge to all students who want to adopt and receive it. Our goal is to motivate students to learn by innovative methods and techniques which we constantly improve, and with the latest tools of information technology, which we constantly renew.  We create the knowledge, we transfer and implement it to all our students.

Home
Интервју со Дарко Стојчев – добитник на бронзен медал на меѓународната Олимпијада на природни науки во Боцвана PDF Print E-mail
Monday, January 28 2019 11:04

Гимназијалец: Кој е Дарко Стојчев?

1. Јас сум Дарко Стојчев,  ученик во прва година во СОУ Добри Даскалов во Кавадарци. Минатата година завршив основно образование во ООУ „Тоде Хаџи-Тефов“ од каде носам прекрасни спомени не само поради постигнатиот одличен успех во сите девет години поминати во училиштето, туку пред се поради желбата која ми се роди таму за учество на натпревари и за одличните резултати кои ги постигнавме со моите ментори на натпреварите на кои учествувавме. Од резултатите кои ги постигнав ке ги споменам најзначајните, почнувајќи од освоените први места по математика во петто и седмо оделение на регионалните натпревари (нема државни натпревари до осмо одделение), па се до освоените први државни награди по хемија и биологија за осмо оделение, како и првите државни награди по хемија, биологија и физика во деветто одделение.

51243214 2794905070733722 450438947185623040 n

 Гимназијалец: Како дојде до соработка со ПМФ и пријавување за учество на Меѓународната олимпијада на природни науки?

2. Патот кој го поминав за да стигнам до тимот кој ја преставува нашата земја на меѓународната олимпијада во Боцвана беше тежок. Тој почнува од општинските натпревари каде треба да бидеш во првите неколкумина да се пласираш на регионалните натпревари, потоа да бидеш меѓу првите неколкумина на регионалните натпревари за да се пласираш на државниот натпревар, на државниот натпревар треба да си пласиран во првите десет ученици во државата во еден од трите предмети хемија, физика и биологија за да бидеш повикан на селекциониот натпревар за учество на олимпијадата. Значи на првиот селекционен натпревар беа повикани околу шеесет најдобри ученици во државата од осмо и деветто одделение кои беа пласирани во најдобрите десет од наведените предмети. Првиот селекционен натпревар беше закажан на крајот на јуни, а тоа значи кога сите ученици одеа на заслужен летен одмор јас морав да учам уште еден месец да се подготвувам за селекциониот натпревар. На првиот селекционен натпревар го освоив првото место а тоа значеше пласман на вториот селекционен натпревар со уште дваесетмина ученици а истовремено и обврска цело лето да се подготвувам за вториот селекционен натпревар кој беше закажан за крајот на август. На вториот селекционен натпревар го потврдив првото место и со уште петмина ученици станавме дел од тимот кој ќе ја преставува Македонија на Олимпијадата во Боцвана. Сите овие натпревари се организирани од здруженијата на физичари, биолози и хемичари а кои пак се раководени од професори од Природно математичкиот факултет во Скопје па така и настана соработката со професорите од Природно математичкиот факултет во Скопје.

50058558 301485607237335 3877184183461740544 n

Гимназијалец: Колку су задоволен од работата и пренесеното знаење на професорите-ментори?

3. После формирањето на тимот веднаш од семтември почнаа подготовките за учество на олимпијадата. Тие се одржуваа на ПМФ, секој петок и сабота се до први декември во просториите на ПМФ и беа одржувани од професори од разни катедри на факултетите по Физика, Хемија И Биологија од причини што материјалот што требаше да го совладаме по нашите образовни програми беше низ учебниците за прва, втора, трета, четврта година средно образование, па се до дел што кај нас го учат и студентите. Најактивни во работата со нас, и наши ментори, беа доцент доктор Ламбе Барандовски - од Факултетот по физика, професор доктор Марина Стојановска од Факултетот по хемија, и стручен соработник на факултетот по биологија Елена Рафаиловска. Подготовките беа напорни, по повеќе од осум часа дневно интензивна работа, меѓутоа атмосферата која беше создадена од нашите ментори на тие подготовки придонесе ние да уживаме на тие подготовки и да се трудиме да научиме што повеќе. Границата професор ученик беше тргната и сите ние бевме тимот кој ќе ја преставува државата на Меѓународната Јуниорска Олимпијада по Природни науки.

Гимназијалец: Колку земји учествуваа на Олимпијадата и како беше оргнизирано натпреварувањето?

4. И дојде и тој први декември кога заминавме за Габороне, главен град на Боцвана - земјата во која се одржуваше Олимпијадата. После 30 часови патување стигнавме во Габороне и почнавме да се подготвуваме за натпреварите. Натпреварите се одржуваа во три дена а меѓу секој натпревар имаше ден за одмор. Се натпреварувавме во теорија, решавање на задачи и изведба на експерименти по сите три предмети распоредени во три натпреварувачки дена. Секој ден натпреварот траеше по три часа за кое време требаше да се одговорат прашањата. За илустрација да напоменам само дека тестовите кои ги решававме со теоријата и задачите беа по околу дваесетина страници а експериментите кои требаше да ги направиме беа на триесетина страници што покажува за тежината на натпреварот. Резултатите од сите три дена беа кажани на крајот на свеченото прогласување што за нас беше дополнителна возбуда бидејки до последно не знаевме како сме поминале на натпреварите. По соопштувањето на резултатите целиот наш тим беше пресреќен од постигнатите резултати. На олимпијадата имаше учесници од педесетина земји или се натпреварувавме околу 300 ученици од сите континенти. Би ги споменал Кинезите, Русите, Германците, Саудијците и многу други кои многу вложуваат во образованието на младите и многу сериозно настапуваат на ваквите натпреварувања.

Гимназијалец: Што ти остави најмногу впечаток и од самиот натпревар, но и од Боцвана - земјата каде се случување Олимпијадата?

5.Од натпреварувањето најсилен впечаток ми остави желбата за успех кај натпреварувачите од сите земји кои учествуваа на олимпијадата. Имаше вистински емоции од радост за постигнатиот успех или тага за недоволно добриот резултат, деца различни помеѓу себе физички до крајности а емотивно исти до детали. Од Боцвана земјата домаќин најсилен впечаток ми остави народот, срекен, весел народ, опуштен, се радува на мали нешта и остава впечаток дека е најбезгрижниот народ на светот. Инаку како организатори се покажаа многу добри, се потрудија да ни ги покажат убавините на нивната земја, не водеа на мини сафари каде гледавме егзотични животни во природни услови, не водеа во рудник за дијаманти бидејќи Бицвана е главно дијамантска земја, ни ги покажуваа низ племенски игри нивните стари обичаи и ,могу други работи со што придонеса Боцвана да ни остане во сеќавањата засекогаш.

Гимназијалец: Кои се твои планови за во иднина, каде се гледаш себеси:

6. Од тековната година морам да се определам за еден од трите предмети во кои што досега покажувам одлични резултати бидејќи сега на видик ми се Сениорски Олимпијади, каде веќе ќе морам да се определам за еден од трите предмети. Низ учеството на наредните престижни натпревари очекувам да си го отворам патот кон она што би сакал да го работам во животот, а тоа во моментот е истражувачка работа. Сакам во блиска иднина да имам можност да работам во добро опремени лабаратории од трите предмети со што очекувам полесно да се одлучам во кој правец ќе оди мојата понатамошна кариера.

Подготви:

Новинарска секција

 

Last Updated on Tuesday, January 29 2019 00:54
 

e-Learning

Banner

iOERc.mk

Banner

DIGITeachEUrope

Banner

Отворени едукативни ресурси

Bulletin board

Banner

State Final Exam

Banner

Duration of classes

Banner
Banner
Banner
Banner
Banner