Array

Мисија и цел

Во време на брз технолошки развој, глобализација, информатичка револуција и реформи во образовнието, се трудиме, подготвени да го дочекаме, прифаќајќи ги промените и новонастанатите услови како предизвик, борејќи се за својата позиција и афирмација со постигнување на нови применливи знаења, квалитет, иновативност и искористување на сите внатрешни потенцијали на училиштето.

 

Home
III Место на натпреварот ROBOMAC Junior 2019 PDF Печати Е-пошта
петок, 05 април 2019 16:36

Оваа година во склоп на натпреварот ROBOMAC2019 за прв пат се одржа и категоријата ROBOMAC Junior во кои учествуваа ученици од четврта година од средните училишта во Република Македонија. Натпреварот се одржа од 18 до 23 март 2019 година, во просториите на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), при Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје. Од нашето училиште учествуваа двајца ученици од четврта година Стефан Летников IV⁴ и Стефан Ефтимов IV⁴ кој воедно освои и трето место - бронзен медал под менторство на проф.Благородна Лазова. Целта на овој натпревар беше да се зголеми интересот за роботика и вештачка интелигенција меѓу средношколците во нашата земја, при што учесниците имаат можност да ги споделат своите знаења, како со наставниците и асистентите на Факултетот така и со своите врсници- натпреварувачи, а имаат можност и за работа во тимови и работа со вистински роботи. Учесниците во ROBOMAC Junior се во програмирање и управување на едукативни роботи eduRobot на компанијата Atronika, со цел роботите самостојно и најбрзо да изминат зададена патека со препреки. Покрај натпреварот учесниците добија и можност да учествуваат на предавања на кои ќе се изучат основни знаења и принципи на роботиката, одржани од професори и експерти во областа како и подетално разгледување на неговите простории и поддисциплини.

Robomak 2019

 

Систем за е-учење

Банер

iOERc.mk

Банер

DIGITeachEUrope

Банер

Отворени едукативни ресурси

Огласна табла

Банер

Информации за Државна матура

Банер

Времетраење на часовите

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер