Array

Мисија и цел

Знаењето е едно од ретките нешта што можат да се даваат и да се примаат безгранично. Мисијата на сите наставници е несебично да го делат знаењето на сите ученици што сакаат да го усвојат и да го примат. Наша цел е да ги мотивираме учениците како да учат, со креативни методи и техники коишто постојано ги усовршуваме, со најновите средства на информатичката технологија, што постојано ги обновуваме. Знаењето го создаваме, го пренесуваме и го имплементираме кај сите наши ученици.

Home За Нас Гимназијата денес
Гимназијата денес PDF Печати Е-пошта

Наставата во училиштето се одвива во една зграда на два спрата каде се изведува и теоретска и практична настава. Истата, се одржува во две смени, претпладневна и попладневна смена.

Смените се менуваат по четири недели. Наставата за претпладневната смена започнува во 07:00 часот, додека за попладневната смена започнува во 13:00 часот.

                                 Bista_mala


Училиштето има вкупно 16 училници опремени со компјутер за секое дете, интернет, кабинети по информатика, биологија, хемија, физика и ликовна уметност,  опремени со компјутери и основни наставни нагледни средства. Има кино-сала опремена со компјутер, двд, тв, лцд проектор, пијанино и балетска сала што се користат за разни презентации, предавања, работилници, состаноци, културно-уметнички манифестации и сл.

Ucilnica_mala

 

Гимназијата поседува и библиотека, која располага со книжен фонд од околу 10.000 наслови на литература за ученици и наставници. Во библиотеката има и компјутери со вклучен интернет.
Biblioteka_mala

Заради потполна безбедност на учениците и наставниците, училиштето е целосно опремено со видео надзор. Располага и со современа техника, како голем лцд, тв и двд поставени во холот на училиштето, потоа лцд проектори и сл. каде се прикажуваат проекти, презентации, соопштенија, видео реклами.


Dvor


Гимназијата располага со голема спортска сала опремена со сите потребни реквизити и справи за реализирање на сите видови на спорт. Постојат и две соблекувални за учениците, машка и женска, комплетно опремени со тоалет, туш кабини и умивалници. Има и повеќе спортски терени: игралишта за ракомет, кошарка, фудбал, тенис, мини игралиште за фудбал со вештачка трева. Поседува и уреден училишен двор кој постојано се доуредува и оплеменува за негов поубав изглед.

Sala


Има и посебни канцеларии за административниот дел: директор, секретар, наставници, педагог, психолог, актив по странски јазици, актив по македонски јазик и литература, актив по природни науки, актив по општествени науки кои се опремени со компјутери, принтери, интернет и стручна литература.

Кадар

66 вработени – наставници, стручни соработници, административно-технички персонал. Сите имаат завршено соодветно образование, согласно нормативите за изведување и реализирање на воспитно-образовниот процес.

Ученици

Бидејќи учениците се најважниот субјект во образовните институции, постојано се прават напори за:
• Вклучување на учениците во сите форми на наставни и вон наставни активности, без оглед на родовата и етичка припадност;
• Идентификување на индивидуалните потреби и потешкотии на учениците и преземање активности за нивно надминување;
• Обезбедување безбедна и пријатна атмосфера за работа и учење, како и заштита на учениците од родово-етничка припадност;
• Следење на движењето на учениците, осипувањето, анализа на причините и навремено преземање на најразлични мерки.
Во учебната 2008/2010 година во СОУ Гимназија  „Добри Даскалов“ Кавадарци се школуваат 941 ученици, од кои 321 машки и 620 женски, распоредени во 28 паралелки.
Со измените во Законот за средно образование учениците ќе се запишуваат без партиципација, ќе им се обезбедуваат бесплатни автобуски билети, како и сместување во средношколски дом.
Учениците што постигнуваат одредени резултати на натпревари и други манифестации како награда добиваат еднодневни екскурзии, посета на манифестации, уметничка и стручна литература и сл. Сето ова е во интерес за подобрување на успехот, поведението и редовноста на учениците.
Во училиштето се реализира дежурство од страна на наставниците и учениците по однапред подготвен план и распоред. Информирањето за сите случувања во училиштето се врши преку состаноци, соопштенија и пишани материјали на огласните табли за ученици, наставници и родители, флаери, брошури, учества во контактни емисии, презентации преку ЛЦД проектори и лцд ТВ... .
Во училиштето постои Училишна заедница која работи по претходно изготвена програма. На своите состаноци разгледуваат значајни прашања од животот и воспитно-образовната работа во училиштето.
За да се постигне поголем успех, наставникот како поединец настојува кај учениците да ја зголеми мотивацијата - како внатрешната, така и надворешната.

Управни и стручни органи

Органи на управување и раководење се:
• Директор;
• Училишен одбор;
• Совет на родители.

Стручни органи и тела на училиштето се:
• Наставнички совет;
• Совет на година;
• Совет на паралелката;
• Раководител на паралелката;
• Стручни активи на наставници по одредени предмети.

Сите управни и стручни органи со својата работа настојуваат во целост да се вклучат во воспитно-образовниот процес за постигнување подобри резултати.
Во училиштето постои и стручна служба составена од педагог и психолог, која допринесува за подигање на квалитетот во наставата, како и за надминување на најразлични проблеми во наставата и надвор од неа.

Професионален развој на наставникот, соработничкиот и другиот персонал


Во последните неколку години во нашето училиште континуирано се реализираат повеќе обуки за професионално усовршување на наставниот и стручниот кадар. Ќе споменеме дел од нив, како на пример: „Примена на информатичката технологија во наставата“; „Активни методи во наставата“; „Унапредување на оценувањето во училиштата“; „Планирање и оценување во тек со современите трендови во образованието“; „Нова улога на наставникот - квалитетна настава“; „Електронско тестирање и оценување“; обуки за вешто и безбедно користење на интернет; обуки за користење на новиот софтвер за компјутери Edubuntu; и многу други. Поголем дел од наставниците се оспособени за користење на компјутери, а дел од нив познаваат странски јазици и се подготвени се за промени, за тимско работење, комуникација и сл. Постојано учествуваат и посетуваат семинари и презентации каде ги следат новите текови на воспитно-образовниот процес. Не изостанува и самоиницијативното учење на наставниците од разни извори (интернет, стручна литература, размена на искуства) и сл.  Гимназијата „Добри Даскалов“, Кавадарци е средно општинско училиште со долга и богата традиција. Во текот на својата историја училиштето има стекнато препознатливи белези на стручност, успешност, професионалност, одговорност и просперитет.

 

Систем за е-учење

Банер

iOERc.mk

Банер

Отворени едукативни ресурси

Огласна табла

Банер

Пофалби и поплаки - Дете правобранител

Банер

Информации за Државна матура

Банер

Времетраење на часовите

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер