среда, 26 декември 2018 11:26 |
На ден 20.12. 2018 год, учениците од клас II 7 и клас III 7 при СОУ "Гимназија Добри Даскалов" од Кавадарци со образовен профил правен техничар, во рамките на наставните часови по наставниот предмет "Практична Настава" со предметните наставници Татјана Ралевска и Слободанка Стојанова остварија средба со Градоначалникот на Општина Кавадарци Господин Митко Јанчев . Се дискутираше за повеќе теми а акцентот беше ставен на задржување на младите образовани кадри во Кавадарци како и во планирањата за развивање на Кавадарци во модерен град. Учениците имаа можност да поставуваат прашања за се што е во нивни интерес. На крајот од средбата Градоначалникот Митко Јанчев им вети на учениците дека во наредните денови тој ќе биде гостин во СОУ Гимназија " Добри Даскалов - Кавадарци на што учениците му изразија големо задоволство.

|
Повеќе...
|
|
петок, 15 февруари 2019 09:14 |
На ден 18.12.2018 година во училишниот хол на нашето училиште, децата правобранители Кристина Костадиновска и Ѓорѓи Ристов и нивните заменици Жанина Богевска и Стефан Стојанов реализираа Инфо ден преку кој ја промовираа нивната функција. Преку разговор, делење флаери и тефтерчиња како пропаганден материјал учениците за време на големиот одмор во двете смени се информираа што претставува функцијата Дете правобранител, како да ги остварат и заштитат нивните права во училиштето.

|
Повеќе...
|
среда, 26 декември 2018 11:15 |
На ден 17-12-2018 уцениците од гимназијата Добри Даскалов III година по предметот Географија беа во посета на општината каде што имаше предавање за урбанизацијата како светски процес. На ова предавање посебно се потенцираше за инфаструктурата во нашиот град, дивите градби, тесните улици, недостиг од зеленило и паркови, паркинг места итн. Учениците имаа голем интерес за оваа тема посебно со прашање до архитектите за новиот урбанистички план, каде и на кој дел од Кавадарци ќе се гради, но и последиците од прекумерна урбанизацијата која допринесува за загадување на нашата животна средина. Посетата беше реализирана со проф. по географија Фердинанд Чејков.


|
Последно освежено на среда, 26 декември 2018 11:20 |
среда, 26 декември 2018 11:22 |
На ден 13.12. 2018 год, учениците од клас II 7 и клас III 7 при СОУ Гимназија "Добри Даскалов" од Кавадарци, во рамките на наставните часови по наставниот предмет "Практична Настава" со предметните наставници Татјана Ралевска и Слободанка Стојанова ги посетија просториите на Локална Самоуправа Кавадарци одделение за имотно- правни работи во Кавадарци , каде имаа можност да се запознаат со имотно- правните работи, со процесот за експропријација како и со архивското работење во ова одделение. Потоа вработените им покажаа практични примери преку кои учениците имаа можност подетално да се запознаат со сите специфичности кои се дел од имотно- правните работи.


|
среда, 12 декември 2018 14:07 |
На 05.12.2018 година во Куманово во СОУ ,,Перо Наков’’ се одржа државниот натпреварот ,,Лидер на струка 2018” за ученици од четврта година од економско-првната струка. Од нашето училиште учествуваа учениците:Тамара Димковска од IV-6 клас под менторство на професор Костадинчо Петров, Марина Грижева од IV-6 клас под менторство на професор Лоска Давчева, Магдалена Сирмева од IV-7 клас под менторство на професор Слободанка Стојанова и Ивана Глигорова од IV-7 клас под менторство на професор Љубица Станоевска.


Од сите ученици ученичката Магдалена Сирмева од IV-7 клас освои III место во категоријата правен техничар под менторство на професор Слободанка Стојанова, а останатите ученици зедоа само учество на натпреварот. |
Последно освежено на четврток, 17 јануари 2019 18:07 |
|
|
|
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>
|
Страница 3 од 113 |