Array

Мисија и цел

Во време на брз технолошки развој, глобализација, информатичка револуција и реформи во образовнието, се трудиме, подготвени да го дочекаме, прифаќајќи ги промените и новонастанатите услови како предизвик, борејќи се за својата позиција и афирмација со постигнување на нови применливи знаења, квалитет, иновативност и искористување на сите внатрешни потенцијали на училиштето.

 

СОУ Гимназија „Добри Даскалов“
Државен натпревар во тенис PDF Печати Е-пошта
четврток, 01 јуни 2017 15:24

На 30.05.2017 во Кочани се одржа Државен натпревар во тенис. Од нашето училиште земаа учество Игњатов Тома и Петрески Ненад од I-3 под менторство на проф. Блаже Велков. Игњатов Тома го освои второто место и освои сребрен медал.

0-02-04-ccf26e7db01fadac74476dd88884becd1a5e32c8aa3fb743ebeff324dfb74d3f full

 

0-02-05-dc334ff5130095258b8b4a75d583f8b1a692dd6389351d7497c5e3e0dd834d85 full

Повеќе...
 
Државен натпревар по биологија PDF Печати Е-пошта
четврток, 01 јуни 2017 15:12
На 20.05.2017 година по четврти пат се одржа Државниот натпревар по биологија во просториите на Природно-Математичкиот Факултет, Институт за биологија во Скопје.
И оваа година нашите ученици учествуваа на овој натпревар и постигнаа одлични резултати.

Анастасија Иловска од I-2 клас освои Второ место, а Стефанија Николова од I-3 клас Трето место под менторство на проф. Богде Коцева. Ученичките Александра Кадрова од II-4 и Марија Трајкова од II-3 клас под менторство на проф. Елизабета Иговска добија пофалници за учество. На сите учесници и наградени ученици им честитаме и им пожелуваме успех во понатамошното школување.

Biologija

Biologija2

Последно освежено на среда, 07 јуни 2017 01:08
 
Отворен ден на гимназијата Добри Даскалов PDF Печати Е-пошта
среда, 24 мај 2017 11:17

По промоцијата во основните училишта и презентацијата за полуматурантите „Стани Гимназијалец“ која се одржа во Домот на културата во Кавадарци, нашата гимназија организираше отворен ден за учениците кои сакаат да ја посетат гимназијата, да се запознаат со планот и програмата и активностите што ги реализира училиштето заедно со учениците и професорите. Отворениот ден се одржа на 23 мај (вторник) од 10 до 12 часот во гимназијата. Присутните ученици поставуваа прашања и се информираа за тоа кои предмети се изучуваат во секоја година, по колку часа неделно се застапени, како и за тоа кои воннаставни активности се организираат и реализираат.

20170523 122230

Photo 5-23-17 1 48 01 PM

Photo 5-23-17 1 48 01 PM 1

Последно освежено на понеделник, 29 мај 2017 17:33
 
Реализирана научно-истражувачка екскурзија во прва година до Охрид PDF Печати Е-пошта
четврток, 01 јуни 2017 23:23

На 21 и 22 мај 2017 год. учениците од прва година со своите класни раководители беа на дводневна научно-истражувачка екскурзија до Охрид.

Целта на оваа екскурзија е учениците да ги прошират своите знаења и да се запознаат со знаменитостите кои се поврзани со нашата историја. На екскурзијата од вкупно 168 ученици беа 151.

Учениците посетија неколку значајни културно-историски споменици. Прва посета беше низ местото Могила – Прилеп, потоа Хераклеа – Битола, Вевчански извори, Природно научниот музеј и куќата на Миладиновци – Струга, црквите Света Софија, Канео, Плаошник, Самуиловата тврдина – Охрид.

Сето ова што го посетија учениците е поврзано со наставниот план и програма за I година по предметите – историја, македонски јазик и литература, географија, биологија.

 
Богат викенд со награди од Државните натпревари за учениците од СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ PDF Печати Е-пошта
четврток, 25 мај 2017 10:24

Викендот што помина беше богат со награди за учениците од гимназијата „Добри Даскалов“. Во саботата на 20.05.2017 год. беа одржани Државните натпревари по предметите македонски јазик и биологија и беше одржан Државниот наптревар на детски и младински хорови и оркестри.

Во Прилеп, беше одржан XXIX Државен натпревар по македонски јазик за средните училишта каде што ученичката Елена Ридова од III година под менторство на професорката Ристенка Јосифова го освои I место.

Photo 5-22-17 10 34 07 AM

Во Скопје, на Државниот натпревар по биологија ученичката Анастасија Илоска од I година под менторство на професорката Богде Коцева го освои III место.

Во Кавадарци, на Државниот натпревар на детски и младински хорови и оркестри, училишниот оркестар под менторство на професор Драган Вељковиќ го освои I место, а хорот исто така предводен од професор Драган Вељковиќ го освои II место.

Последно освежено на четврток, 25 мај 2017 10:35
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Страница 5 од 96

Креативно катче

Банер

Кажи нешто

Банер

Стани гимназијалец!!!

Банер


Кодекс за однесување на учениците

Банер

Флаер

Банер
Facebook Image

е-списанија

Youtube Channel




Wiki

Wikipedia

Go macedonian english german french italian

Систем за е-учење

Банер

iOERc.mk

Банер

DIGITeachEUrope

Банер

Отворени едукативни ресурси

Огласна табла

Банер

Информации за Државна матура

Банер

Времетраење на часовите

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер