Array

Мисија и цел

Знаењето е едно од ретките нешта што можат да се даваат и да се примаат безгранично. Мисијата на сите наставници е несебично да го делат знаењето на сите ученици што сакаат да го усвојат и да го примат. Наша цел е да ги мотивираме учениците како да учат, со креативни методи и техники коишто постојано ги усовршуваме, со најновите средства на информатичката технологија, што постојано ги обновуваме. Знаењето го создаваме, го пренесуваме и го имплементираме кај сите наши ученици.

СОУ Гимназија „Добри Даскалов“
Државен натпревар на детски и младински хорови и оркестри PDF Печати Е-пошта
сабота, 20 мај 2017 18:27

На 20.5.2017 год. во Домот на културата „Иван Мазов - Климе“ Кавадарци се одржа Државен натпревар на детски и младински хорови и оркестри во кој земаа учество оркестарот и хорот при СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ Кавадарци под раководство на проф. Драган Вељковиќ.

Настапот беше успешно изведен пред кавадаречката публика, а стручното жири ги додели следните награди:

I место - 98 бода за оркестарот;

II место - 88 бода за хорот.

Со ова се потврди уште една успешна година на хорот и оркестарот од нашето училиште. 

IMG 1554

Последно освежено на понеделник, 22 мај 2017 11:58
Повеќе...
 
Најнова видео реклама - СОУ Гимназија Добри Даскалов Кавадарци PDF Печати Е-пошта
четврток, 18 мај 2017 08:43

 
„Стани Гимназијалец“ – презентација за полуматурантите PDF Печати Е-пошта
среда, 17 мај 2017 20:06

На 16.5.2017 год. (вторник) во Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ во Кавадарци пред учениците од деветто одделение од Кавадарци и Росоман беше направена презентација на гимназијата под мотото „Стани Гимназијалец“.

На овој настан учениците полуматуранти беа запознати со наставните планови и програми на гимназијата, како и наставните методи и вонучилишните активности преку кои учениците го доусовршуваат своето знаење. Презентирани беа успесите од учествата на натпревари, освоени наград, признанија.

Стани Гимназијалец им порачаа гимназијалците на идните средношколци – на прагот сте на вистинската животна одлука, затоа размислете добро и одберете правилно...

На презентацијата беше изведена и средношколска претстава „High School Musical“ која освои високи награди на меѓународни наптревари.

На крајот учениците беа поканети да присуствуваат на отворениот ден кој ќе се одржи на 23 мај (вторник) од 10 до 12 часот во гимназијата.

Photo 5-16-17 12 04 22 PM

Photo 5-16-17 12 49 19 PM

Повеќе...
 
Традиционално одржани класните првенства во фудбал и кошарка PDF Печати Е-пошта
понеделник, 15 мај 2017 17:16

Секоја година традиционално во СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ се одржува Класно првенство во фудбал и кошарка. Учениците од секој клас се посебно мотивирани да ги покажат своите знаења од областа на спортот, а со тоа го развиваат тимскиот дух и јакнењето на другарството меѓу нив.

На 15.05.2017 година (понеделник) на спортските терени на гимназијата се одиграа завршните натпревари во фудбал и кошарка. Младите гимназијалци ги водеше спортскиот дух и желбата за успех и на публиката и овозможија вистинско уживање.

Прво место во фудбал го освои класот III-5, второ IV-7, а третото место му припадна на III-1.

Во кошарка најдобар беше III-4 клас со освоени прво место, a второто место го освои класот IV-3.

Пехарот во рацете на победниците им даде поттик да се натпреваруваат и понатаму да ги јакнат спортските вештини, тимската игра и да учествуваат на сите спортски натпревари во градот и државата.

Директорката на училиштето г-ѓа Невенка Поп-Ангелова, заедно со професорите по спорт и спортски активности им ги доделија пехарите на капитените на најдобрите екипи.

 Photo 5-15-17 12 29 42 PM

Photo 5-15-17 1 17 34 PM 

Последно освежено на понеделник, 15 мај 2017 19:51
Повеќе...
 
И велосипедот е дел од сообраќајот PDF Печати Е-пошта
среда, 17 мај 2017 09:50

На 11.5.2017 год. се одржа велосипедска парада под мотото „И велосипедот е дел од сообраќајот“ организирана од Сојузот на училишен спорт на град Кавадарци во соработка со МВР Кавадарци, Совет за безбедност во сообраќајот, Прва помош Кавадарци и др. Во активноста земаа учество повеќе училишта од кои нашето училиште зема учество со најголем број на учесници во оваа парада. Парадата беше координирана од проф. Блаже Велков кој традиционално секоја година ја организира истата во овој период по повод светскиот месец на велосипедот. Парадата се одвиваше низ улиците на град Кавадарци.

18402670 1938109719753457 7751773523626440459 n

18342442 1938109663086796 535866738863492295 n

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Страница 6 од 96

Креативно катче

Банер

Кажи нешто

Банер

Стани гимназијалец!!!

Банер


Кодекс за однесување на учениците

Банер

Флаер

Банер
Facebook Image

е-списанија

Youtube Channel




Wiki

Wikipedia

Go macedonian english german french italian

Систем за е-учење

Банер

iOERc.mk

Банер

DIGITeachEUrope

Банер

Отворени едукативни ресурси

Огласна табла

Банер

Информации за Државна матура

Банер

Времетраење на часовите

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер