Array

Мисија и цел

Знаењето е едно од ретките нешта што можат да се даваат и да се примаат безгранично. Мисијата на сите наставници е несебично да го делат знаењето на сите ученици што сакаат да го усвојат и да го примат. Наша цел е да ги мотивираме учениците како да учат, со креативни методи и техники коишто постојано ги усовршуваме, со најновите средства на информатичката технологија, што постојано ги обновуваме. Знаењето го создаваме, го пренесуваме и го имплементираме кај сите наши ученици.

СОУ Гимназија „Добри Даскалов“
Покана за патронат на училиштето PDF Печати Е-пошта
понеделник, 13 ноември 2017 02:07

Почитувани,

Ве покануваме на одбележување на патрониот празник на СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ Кавадарци. На 13 ноември 2017 год во 12 часот ќе се положи цвеќе пред бистата на патронот Добри Даскалов, ќе се одржи културно-уметничка програма и ќе се отворат класните првенства.

Последно освежено на понеделник, 13 ноември 2017 02:11
 
Во Шпанија се одржа прва воведна средба од проектот RAINBOW PDF Печати Е-пошта
среда, 08 ноември 2017 18:07

Во периодот од 31.10.2017 до 03.11.2017 во Малага, Шпанија се одржа прва воведна средба од проектот RAINBOW – Right attitude In building our world кој се имплементира во гимназијата од септември 2017 година и ќе трае во наредниот период од две години. Средбата се одржа во училиштето IES Bezmiliana, Ринкон де ла Викторија, Малага, Шпанија.

001

Последно освежено на среда, 08 ноември 2017 18:16
Повеќе...
 
Доделени наградите за Конкурсот по повод 31 Октомври - Светски ден на штедењето PDF Печати Е-пошта
понеделник, 06 ноември 2017 16:37

На конкурсот објавен од Народна банка на Република Македонија, Министерството за финансии и Агенцијата за супервизија на осигурување, по повод Светскиот ден на штедењето – 31 Октомври, учество од СОУ Гимназија „Добри Даскалов” – Кавадарци зеде ученичката Мартина Нанева од II–6 клас, економско-правна и трговска струка, профил: економски техничар, под менторство на професорката по економски предмети, Лоска Давчева.

23377020 1514461885298860 983754898 o  23336250 1514452128633169 1623745153 o

Последно освежено на понеделник, 06 ноември 2017 16:42
Повеќе...
 
Ученици од нашето училиште учесници на интеркултурната размена во Троген, Швајцарија PDF Печати Е-пошта
понеделник, 11 декември 2017 22:12

Во рамките на проектот „Имплементација на Конвенцијата за правата на детето во Македонија“ на Коалиција на младински организации СЕГА, подржан од детската фондација Песталоци, во периодот од 17.10.2017 година до 31.10.2017 година, уште еднаш од нашето ученици од нашето училиште учествуваа на интеркултурната размена во детското село Песталоци во Троген, Швајцарија.

На оваа интеркултурна размена од нашето училиште учествуваа осум ученици: Горица Спанџова II 4, Марија Јошева II 4, Сунита Мустафова II1, Селма Бегани II5 , Петар Тодоровски IV5, Стефан Ефтимов III4, Дијана МанчеваIII 2 и Весна Темкова III4, под менторство на професорката по историја Наташа Матакова. Освен нашето училиште од Република Македонија учествуваа и ученици од уште четири училишта од Македонија и тоа од Гостивар, Прилеп, Струга и Дебар. Учениците од нашето училиште го делеа делот за живеење со ученици од Гостивар и Струга.

25317195 10213032583382810 1871241645 o

Повеќе...
 
Клубот на читатели во посета на есенскиот Саем на книгата PDF Печати Е-пошта
Ниво на корисникот: / 2
НајлошоНајдобро 
недела, 05 ноември 2017 14:49

Традиционалниот есенски Саем на книгата во Кавадарци се одржа од 30. X до 4. XI 2017 г. во просториите на Градската библиотеката „Феткин“.

По тој повод челновите на Клубот на читатели при СОУ Гимназија „Добри Даскалов “, под менторство на професорката Катица Манева, го посетија Саемот и ги разгледаа штандовите полни со книги. Љубителите на уметничката литература имаа можност да набават одредени изданија со промотивни цени.

viber image1

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Страница 7 од 102

Креативно катче

Банер

Кажи нешто

Банер

Стани гимназијалец!!!

Банер


Кодекс за однесување на учениците

Банер

Флаер

Банер
Facebook Image

е-списанија

Youtube Channel




Wiki

Wikipedia

Go macedonian english german french italian

Систем за е-учење

Банер

iOERc.mk

Банер

DIGITeachEUrope

Банер

Отворени едукативни ресурси

Огласна табла

Банер

Информации за Државна матура

Банер

Времетраење на часовите

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер