Посета на нотарска канцеларија во рамките на предметот Практична настава Drucken
Dienstag, den 20. März 2018 um 10:48 Uhr

На ден 19.03.2018 год, учениците од клас II-7, при СОУ "Гимназија Добри Даскалов" од Кавадарци, во рамките на наставните часови по наставниот предмет "Практична Настава" со предметниот наставник Татјана Ралевска ја посетија Нотарската канцеларија на Нотарот Пане Нацев - Нотар овластен за подрачјето на Општина Кавадарци. Нотарот детално ги запозна учениците за работите поврзани со нотаријатот, неговите овластувања како и за дел од дејствијата кои се преземаат во оставинската постапка. После добиените информации, учениците знаењето го дополнија со разгледување на нотарски акти, договори и други нотарски списи.

29242657 862146003969500 599603048 o

 

29242957 862145923969508 1874497150 o

Zuletzt aktualisiert am Dienstag, den 20. März 2018 um 10:52 Uhr