Средношколска размена на ученици од “Гимназија Добри Даскалов” во Шведска


Објавено на: 23.01.2020

На 9ти декември пет ученици од нашата гимназија заминаа на размена во Шведска по добиена стипендија која беше доделена во Кавадарци по две неделен престој на ученици од Шведска во Македонија. Учениците од Македонија  за време на престојот изработуваа различни проекти и се запознаа со шведската култура заедно со учениците од училиштето Курт Николин во Финспонг. Учениците: Зоран Митревски, Горица Спанџова, Ева Коцева, Даница Глигорова и Борис Митрев беа и во посета на индустриска фирма каде научија за работата на машините и нивно применување и управување а исто така и изработија неколку проекти во работилницата во гимназијата “Курт Николин” која е поддржана од индустриската фирма “Siemens”.

Покрај едукативните проекти имаше и ден за слободно време и прошетка во Норшопинг каде учениците го разгледаа градот и се дружеа со учениците од Шведска како и петте ученици од стручното училиште “Ќиро Спанџов-Брко” и пет ученици од медицинското училиште “Панче Караѓозов” и сите паралелки беа предводени од нивните директори.

На училиштето од Шведска како и професорот Златко Каров им благорадиме за оваа можност да научиме нешто повеќе а исто така и да патуваме во друга држава а новите знаења ќе ги применеме и во нашето училиште со одржување на работилница со останатите ученици.