Вести од сајтот

Известување за далечинско учење

од Зоран Милевски -

Драги  ученици,

Се надевам  дека сите сте во добро здравје и во целост ги почитувате препораките од Владата, Министерство за здравство, МОН и Општина Кавадарци!

СОУ Гимназија„ Добри Даскалов“ ќе организира во Ваш интерес продолжување на образовниот процес.

Следете ги инструкциите на Вашите наставници и уживајте во новиот начин на комуникација и едукација!!! (e-mail на наставниците)

На веб сајтот на училиштето на дневна основа се поставуваат материјали изготвени од предметните наставници за тековниот период. Проверувајте за ажурирање на нови содржини.

Невенка  Поп-Ангелова, директор на СОУ Гимназија“ Добри  Даскалов“


Почитувани  родители,

Поддржете ја нашата заложба и заеднички да допринесеме за подобрување на знаењето и успехот на Вашите деца!

Невенка  Поп-Ангелова, директор на СОУ Гимназија“ Добри  Даскалов“

Продолжува имплементацијата на е-учење Moodle во СОУ Гимназија „Добри Даскалов“

од Зоран Милевски -

Продолжува имплементацијата на системот за е-учење Moodle во СОУ Гимназија „Добри Даскалов" и во оваа учебна година.

Оваа година активно учество во користењето на оваа ИКТ алатка ќе земат повеќе наставници и ученици од сите години и повеќе наставни предмети, со цел подобрување, унапредување и модернизирање на наставниот процес во училиштето.

Moodle претставува систем за е-учење кој што е од затворен тип и достапен само за учениците и наставниците во СОУ Гимназија „Добри Даскалов" и има за цел да им помогне на наставниците во создавање на онлајн курсеви, со фокус на интеракција и соработка во изработка на содржини во процесот на учењето.

Системот за е-учење Moodle го администрира м-р Зоран Милевски, проф. по информатика.