Продолжува имплементацијата на е-учење Moodle во СОУ Гимназија „Добри Даскалов“

Продолжува имплементацијата на е-учење Moodle во СОУ Гимназија „Добри Даскалов“

од Зоран Милевски -
Број на одговори: 0

Продолжува имплементацијата на системот за е-учење Moodle во СОУ Гимназија „Добри Даскалов" и во оваа учебна година.

Оваа година активно учество во користењето на оваа ИКТ алатка ќе земат повеќе наставници и ученици од сите години и повеќе наставни предмети, со цел подобрување, унапредување и модернизирање на наставниот процес во училиштето.

Moodle претставува систем за е-учење кој што е од затворен тип и достапен само за учениците и наставниците во СОУ Гимназија „Добри Даскалов" и има за цел да им помогне на наставниците во создавање на онлајн курсеви, со фокус на интеракција и соработка во изработка на содржини во процесот на учењето.

Системот за е-учење Moodle го администрира м-р Зоран Милевски, проф. по информатика.