ЗА НАС
Мисија и цел
Во време на брз технолошки развој, глобализација, информатичка револуција и реформи во образовнието, се трудиме, подготвени да го дочекаме, прифаќајќи ги промените и новонастанатите услови како предизвик, борејќи се за својата позиција и афирмација со постигнување на нови применливи знаења, квалитет, иновативност и искористување на сите внатрешни потенцијали на училиштето.
За Добри Даскалов
Добри Даскалов е македонски војвода од илинденскиот период, еден од водечките револуционери и предводници на македонскиот народ од Тиквешкиот крај во борбата за ослободување од долговековното турско ропство. Роден е во Кавадарци, на 13 ноември 1822 година, во свештеничко протестантско семејство, од татко Захарија и мајка Марија. Неговиот татко бил свештеник, образован, културен и прогресивен човек кој отворено ги прифаќа револуционерните идеи на македонската револуционерна организација, а неговата мајка, многу време посветила на воспитувањето на нејзините деца. Основното образование и нижа трикласна гимназија Добри завршил во Кавадарци, а потоа продолжил да учи во егзархиската гимназија во Солун. Од Солун своето образование го продолжил во Самоков, Бугарија, каде во учебната 1896/97 година, се запишал на протестантското Железарско училиште. Токму таму во Самоков Добри Даскалов ја започнува својата револуционерна дејност и станува член на револуционерниот кружок „Трајко Китинчев“.
Гимназијата денес
Наставата во училиштето се одвива во една зграда на два спрата каде се изведува и теоретска и практична настава. Истата, се одржува во една смена.
Наставата започнува во 08:00 часот и завршува во 14:00 часот.
Дизајн и изработка на нов веб сајт за училиштето
СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ Кавадарци постојано го следи последниот технолошки развој и сите активности коишто се случуваат во училиштето ги објавува на својот веб сајт.
Почнувајќи од учебната 2018/2019 година креиран е нов веб сајт на училиштето, додека од стариот веб сајт кој што беше изработен од проф. по информатика м-р Зоран Милевски беа преземени сите содржини и настани кои што се случувале во последните 10 години и истите беа пренесени на новиот веб сајт којшто е изработен според најновите трендови.
Креативноста и мотивирањето на своите ученици е многу важно за нас како вработени во училиштето, па затоа овој проект за изработка на нов веб сајт беше со радост прифатен од ученик во гимназијата Блаже Бањански, а беше менториран од проф. по информатика м-р Зоран Милевски.
Ажурирањето на содржините на веб сајтот на гимназијата е многу важно, за сајтот секогаш да биде постојано дополнет со сите активности, настани и известувања кои што се случуваат во училиштето. Како дел од подигнување на општествена одговорност и зголемување на мотивацијата и иновативноста кај учениците, веб сајтот на училиштето се дополнува со најнови информации од ученици и тоа:
Во периодот од учебната 2018/19 година до 2021/22 година од учениците:
Трајче Мукаетов, Благој Јорданов и Антонио Несторовски под менторство на проф. по информатика м-р Зоран Милевски.
Во периодот од учебната 2022/23 до денес, од учениците:
Мартин Николов и Кирил Василев под менторство на проф. по информатика м-р Зоран Милевски.
Во учебната 2024/2025 година веб сајтот на гимназијата е редизајниран од страна на Мартин Николов ученик од III-4 клас Природно-математичко подрачје.