25-ти Октомври Европски ден на правдата

На 25 октомври го одбележуваме Европскиот ден на правдата – ден посветен на вредностите на праведноста, законитоста и еднаквоста. Овој ден потсетува дека секоја држава и секое општество напредува само кога правдата е достапна за сите граѓани.

Да се залагаме за чесност, почитување на правата и одговорност – затоа што правдата е темел на мирно и фер општество. 25 Октомври не потсетува дека правдата е темел на демократското општество. Тоа е ден кога ја истакнуваме важноста на независното судство, еднаквоста пред законите и почитувањето на човековите права.

Целта на одбележувањето на овој ден е правдата да се доближи до граѓаните и тие да бидат запознаени со нејзиното спроведување. Одбележувањето на овој ден е поттик секој од нас да придонесе кон градење фер, правична и одговорна заедница, во која владее ред, почит и правична постапка за сите.

Учениците работеа на тема детски и човекови права, правда и правичност, како вредности кои треба да се почитуваат и негуваат. На крајот од денот научивме дека правдата треба да биде присутна со надеж за зацврстување на сигурноста на граѓаните низ процесот на остварување на правдата.