Последни настани

The latest news from the Joomla! Team

СПОРТСКО ДРУЖЕЊЕ И НАТПРЕВАРУВАЧКИ ДУХ НА ОДБОЈКАРСКИОТ ТЕРЕН

Женските одбојкарски екипи од трите средни училишта во Кавадарци – СОУ Гимназија „Добри Даскалов“, СОЗШУ „Ѓорче Петров“ и СОУ „Ќиро Спанџов-Брко“ – учествуваа на регионалниот натпревар во одбојка. Натпреварот беше можност за средба, дружење и спортско надмудрување на ученичките, кои преку играта ги покажаа својата умешност, посветеност и тимски дух. Женската одбојкарска екипа на Гимназијата

СПОРТСКО ДРУЖЕЊЕ И НАТПРЕВАРУВАЧКИ ДУХ НА ОДБОЈКАРСКИОТ ТЕРЕН Read More »

Официјално отворена реконструираната спортска сала во Гимназијата „Добри Даскалов“

Учениците на СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ добија современ и целосно реновиран простор за спорт, рекреација и спортски натпревари. Со пригодна свеченост денес беше официјално отворена реконструираната спортска сала, која претставува значајно подобрување на условите за работа и реализација на спортските активности во училиштето. Оваа инвестиција е целосно реализирана од Општина Кавадарци, со што уште еднаш

Официјално отворена реконструираната спортска сала во Гимназијата „Добри Даскалов“ Read More »

Нашите ученички дел од „Розевата панел дискусија“ – за здравјето, превенцијата и грижата за себе

По повод одбележувањето на „Розов октомври“ – месецот посветен на подигање на свеста за ракот на дојка, ученички од нашето училиште учествуваа на едукативниот настан „Розева панел дискусија“, организиран од Општина Кавадарци. Целта на настанот беше подигнување на свеста кај младите девојки за важноста на превенцијата, навремената информираност и грижата за сопственото физичко и ментално

Нашите ученички дел од „Розевата панел дискусија“ – за здравјето, превенцијата и грижата за себе Read More »

Избран е претседател на Ученичкиот совет

Ученичкиот совет во нашето училиште избра претседателство за учебната 2026/2027 година. За оваа функцијата се пријавија тројца ученици: Ивана Секуловска, Ненад Петров и  Ристе Стојанов, сите ученици од четврта година. Кандидатите  се претставија пред членовите на Ученичкиот совет со своите идеи и планови  и ги истакнаа причините кои ги мотивирале да се пријават за оваа

Избран е претседател на Ученичкиот совет Read More »

УЧЕНИЦИ ОД СОУ „ДОБРИ ДАСКАЛОВ“ НА ЕДУКАТИВНА РАБОТИЛНИЦА ЗА ПРЕВЕНЦИЈА ОД ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ

По повод 18 Октомври – Европскиот ден за борба против трговијата со луѓе, во организација на Црвениот крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Кавадарци, во просториите на Црвениот крст се реализираше едукативна работилница посветена на превенцијата од трговијата со луѓе. На работилницата учествуваа ученици од СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ – Кавадарци, заедно со

УЧЕНИЦИ ОД СОУ „ДОБРИ ДАСКАЛОВ“ НА ЕДУКАТИВНА РАБОТИЛНИЦА ЗА ПРЕВЕНЦИЈА ОД ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ Read More »

Учество на ученици на настан за Локалниот младински совет

Ученици од СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ присуствуваа на настанот посветен на младинското учество и формирањето на Локалниот младински совет на Општина Кавадарци, кој се одржа во Големата сала на Општина Кавадарци. Нашите ученици имаа можност да се запознаат со улогата и значењето на Локалниот младински совет, да ги споделат своите идеи и ставови и да

Учество на ученици на настан за Локалниот младински совет Read More »

Ученици од СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ учествуваа на првата обука од проектот ЛАПСИ, одржана во Општина Кавадарци

Ученици од СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ учествуваа на првата обука од проектот ЛАПСИ – Локални активни платформи за социјални иновации, одржана во Општина Кавадарци. Преку тимска работа и дискусија, тие предложија идеи за предизвиците со кои се соочуваат младите во нашата заедница. Обуката им даде можност да го искажат своето мислење и да ги развиваат

Ученици од СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ учествуваа на првата обука од проектот ЛАПСИ, одржана во Општина Кавадарци Read More »

ХУМАНОСТА СПАСУВА ЖИВОТИ – КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ВО СОУ ГИМНАЗИЈА „ДОБРИ ДАСКАЛОВ“ КАВАДАРЦИ

На 02.10.2026 година, во просториите на СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ – Кавадарци, се одржа редовна крводарителска акција, спроведена од Институтот за трансфузиона медицина на Република Северна Македонија – Скопје, а организирана од Црвениот крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Кавадарци. Во акцијата учествуваа ученици, наставници и вработени во нашето училиште, покажувајќи ја својата

ХУМАНОСТА СПАСУВА ЖИВОТИ – КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ВО СОУ ГИМНАЗИЈА „ДОБРИ ДАСКАЛОВ“ КАВАДАРЦИ Read More »

ФОРМИРАН НОВИОТ УЧЕНИЧКИ СОВЕТ

По изборот на заедниците на паралелките во текот на месец септември, во нашето училиште на 29.09.2026 година во училишната кино сала се одржа прватаконститутувна седница на Ученичкиот совет за учебната 2026/2027 година. На седницата присуствуваа претседателите на заедниците на паралелките, директорот М-р Зоран Милевски, претставници на стручната служба и наставници.На седницата учениците се запознаа со

ФОРМИРАН НОВИОТ УЧЕНИЧКИ СОВЕТ Read More »