Постигнати одлични резултати на регионалниот натпревар по математика

На 15.02.2025 (сабота), во просториите на СОУ „Јане Сандански“ во Струмица, со почеток од 10:00 часот се одржа Регионален натпревар по математика. Од нашето училиште на натпреварот учествуваа 6 ученици и постигнаа одлични резултати-половина од нив се пласираа на Државен натпревар.

Им честитаме на учениците и менторите за постигнатиот успех!