На 29.11.2025 година на Природно – математичкиот факултет во Скопје на Институтот за хемија се одржа настанот ,,Ноември – месец на науката” за учениците од средните училишта. На овој натпревар во експерименти и демонстрации, учествуваа ученици од нашата гимназија и постигнаа одлични резултати:
- Божидар Давидовски од III-5, освоена прва награда од хемија со ментор проф. по хемија Даница Пецова.
- Тамара Златева и Кристина Биковска од III-5, освоена втора награда од хемија со ментор проф. по хемија Даница Пецова.
- Лилјана Лазова од III-3, освоена втора награда од математика со ментор проф. по математика Нада Лазова.
- Благица Младеновиќ од III-5, освоена трета награда од хемија со ментор проф. по хемија Даница Пецова.
- Евгенија Стаменова и Ангела Ѓерѓева од III-5, освоена трета награда од биологија со ментор проф. по биологија Богде Коцева.
- Зорана Недева и Матеја Кузева од II-5, освоена трета награда од биологија со ментор проф. по биологија Богде Коцева.
Настанот беше збогатен со со различни активности: научно – популарни предавања, презентации, работилници, посета на лаборатории на ПМФ и др.
Постигнатите резултати претставуваат силна мотивација за сите ученици и наставници кои секојдневно се стремат кон знаење. Честитки за освоените награди и благодарност за достоинственото претставување.








