На 28.11.2025 во рамки на капањата “16 дена активизам против родово базирано насилство”, Општина Кавадарци заедно со УНДП ја поддржаа реализацијата на Форум- театарската претстава “Осуден(а)”. Пратставата, преку моќта на сценската уметност, ја обработува темата за дигиталното и семејното насилство и ги поттикнува младите и возрасните да слушнат, да разаберат и делуваат.
Учениците од Гимназијата “Добри Даскалов”земаа активно учество во Форум – театарската претстава. Младите имаа можност директно да се вклучат во обработката на темите за дигиталното и семејното насилство, да поставуваат прашања, да предлагаат решенија и да размислуваат критички за ситуациите што беа прикажани на сцената. Нивната ангажираност придонесе претставата да стане уште подинамична, поинтерактивна и поблиска до реалните предизвици со кои се соочуваат тинејџерите.
Со вакви иницијативи, кои ги поттикнуваат свеста, емпатијата и активното учество на младите, постепено градиме општество во кое НЕМА место за насилството и во кое секој глас е слушнат и почитуван.



