Учениците од СОУ „Добри Даскалов“ денес учествуваа на работилници за “Математика и примени” на Природно-математичкиот факултет во Скопје, каде што имаа можност практично да ги применат знаењата од математиката. Тие учествуваа на работилниците „Тајни пораки со Карданова решетка“ и „Бесконечност на хартија – уметноста на фракталите“, преку кои на интересен начин се запознаа со примена на математиката во криптографијата и уметноста. Работилниците беше одлична можност за проширување на нивните знаења и поттикнување на интересот за математиката и нејзините примени.







