Во Собранието на Република Северна Македонија нашите учениците учествуваа на едукативната активност ,,Имам став” во која ги бранеа своите ставови на одредени теми. Активноста ги стимулира учесниците да развиваат сопствени ставови во врска со актуелни политички теми и истите да ги бранат со аргументи пред останатите учесници, со цел изнаоѓање на решение кое ќе биде прифатено и поддржано од мнозинството на учесници. Нашите ученици дебатираа на темите: ,,Иселувањето на младите” ,,Борбата со феноменот на лажни вести (fake news)” и ,,Реформи во образованието” и покажаа демократска зрелост и политичка култура.