Дебата на тема „ Иднината ја гледам во мојата татковина“


Објавено на: 12.04.2023

На 06 април 2023 година (четврток), со почеток во 12.30 часот во киносалата на СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ Кавадарци, а во организација на Ученичкиот парламент  се одржа дебата на тема „Иднината ја гладам во мојата татковината“. Преку борба со зборови учениците имаа можност да ги изнесат своите ставови поткрепени со аргументи и да ги убедат присутните во нивното излагање. Беа изнесени примери, лични и општествени, преку кои се отвори бурна дискусија која ги наведе присутните на конструктивна дебата за една од најактулените теми која ги засега младите кога треба да донесат одлука за нивната иднина. Исправени пред предизвикот дали да му дадеме доверба на нашиот образовен систем или да ја градиме сопствената иднина надвор од татковината,  учениците  дебатираа поделени во два тима. Учениците Ќирил Топчиев, Ангела Каровска, Камелија Гркова и Методија Јованчев како дел од  тимот А, го бранеа ставот „ДА“, наспроти тимот Б во кој учествуваа учениците Стефан Грујевски, Александар Стојков, Данка Стојкова  и Надица Цветковска, а го застапуваа ставот „НЕ“. Публиката составена од ученици и професори преку гласање во три круга победата му ја додели на тимот Б кој го застапуваше ставот „НЕ“.  Во улогата на водител се реализира ученичката Тијана Илова од четврта година, а дебатата  беше реализирана со поддршка и  менторство на професорките Васка Петкова и Наташа Матакова.