На 07.04.2025 година со почеток од 12:30 часот, во нашето училиште беше спроведена Дисеминација на активностите во рамки на проектот „Superschools“.Суперучилишта е програма на RYCO (Регионална канцеларија за младинска соработка) за училишна размена во регионот со цел да се поддржи процесот на градење мир и помирување иинтеркултурното учење и дијалог меѓу училиштата, учениците и нивните заедници. Програмата е дел од мултидонаторскиот проект„Програма за размена на училишта во Западен Балкан“ кофинансиран од Европската Унија и германското Сојузно Министерство за економскасоработка и развој (BMZ) и имплементиран од Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) заедно со Регионалнатаканцеларија за младинска соработка (RYCO).
Во проектот учествуваа 2 професори (Стефанија Костадинова – стручен соработник социолог и Сања Илова – проф. по англиски јазик) и 15 ученици (Јордан Ташев II2, Ивана Секуловска II2, Кирил Мукаетов II2, Ангела Атанасова II2, Михајло Михајловски II2 Лилјана Лазова II3, Димитар Петров II3,Ристе Маркушев II3, Илија Петрески II3, Христина Даскалоска II5, Душица Колева II6, Благица Михајловска II6, Доменика Митевска II7, Мила Јованова III5, Ангела Јовановска III5, кои беа носители на активностите и учесници на размената во нашето партнерско училиште од Уб, Србија.
За време на настанот беа присутни професорките Стефанија Костадинова – стручен соработник социолог и Сања Илова професор по англиски јазик, учениците кои беа учесници на работилниците во проектот и претставници од ученичката заедница.
На учениците им беа презентирани активностите кои беа реализирани преку работилници во двете размени. Работилниците беа насочени кон превенција на врничко насилство, различните форми и механизми за заштита од насилството во и вон училиштата, како и околу сајбер булингот преку социјалните мрежи. Работилниците кои беа спроведени на размените ќе бидат реализирани и со ученици од основните училишта во градот, а од страна на Општина Уб, Србија беше отворена и можноста за збратимување на двете општини и продолжување и продлабочување на взаемната соработката.
