ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР ПО ГЕОГРАФИЈА

На ден 25.04.2025 година, во организација на Македонското географско друштво при Институтот за географија, на Природно – математичкиот факултет во Скопје, се одржа Државниот натпревар по географија за учениците од сите средни училишта во државата.

Од нашето училиште учествуваа учениците Трајче Шатков и Јаќимовски Давид, ученици во прва година под менторство на професор Валентина Димитрова и ги постигнаа следниве резултати:

Трајче Шатков  освои второ место

Јаќимовски Давид се здоби со Сертификат за учество на државен натпревар.

Убаво е чувството кај менторот кога се забележуваат трудот и успехот кај неговите ученици како и посветеноста и интересот кон оваа комплексна наука која е “ПРОЗОРЕЦ КОН СВЕТОТ”

Честитки за учениците!

Ментор: проф.Валентина Димитрова

Доделување на дипломи на ученикот Трајче Шатков за освоените први места на општински и регионален натпревар  и второ место на државниот натпревар

Доделување на дипломи и сертификат на ученикот Давид Јаќимовски за освоеното трето место на општинскиот натпревар, второ место на регионалниот натпревар и сертификат за државниот натпревар