Едукативни предавања за сајбер безбедност

На 11.03.2026 година, во нашето училиште се одржа едукативно предавање и презентација на проектот „Cyber Ready Balkans“, реализирани од претставник на ИМПЕТУС – Центар за интернет, развој и добро управување.

Учениците се запознаа со основните аспекти на сајбер безбедноста, можностите за понатамошно образование и кариерен развој во оваа област. Предавањето предизвика интерес кај учениците и придонесе за подигнување на нивната свест за безбедноста во дигиталната средина и за современите професии поврзани со технологијата.

Проектот „Cyber Ready Balkans: Водич за младите кон сајбер безбедноста“ го спроведува ИМПЕТУС како дел од грант програмата Chevening Western Balkans Cyber Security Fellowship за 2025 година.

Овој проект е финансиран од Министерството за надворешни работи, Комонвелт и развој на Обединетото Кралство (FCDO) и има за цел да ја зајакне структурата на управување со сајбер безбедноста и да овозможи поширок круг на чинители активно да се вклучат во областа на сајбер безбедноста.