Еко недела-градиме еколошки навики

Во пресрет на 21 Март, Денот на пролетта и екологијата, на иницијатива на ученичкиот совет се организираше еднонеделна еколошка акција со цел подигање на еколошката свест, создавање на еколошки навики кај учениците и промоција на заштита и унапредување на животната средина.

Во текот на последната недела од месец март се реализираа повеќе активности меѓу кои и собирање и рециклирање пластични шишиња и садење дрвца во училишниот двор. Со активното учество во овие активности учениците учествуваа во разубавување на училишниот двор придонесувајќи за почиста и позелена околина.

Преку оваа еднонеделена иницијатива, ученичкиот совет успешно ја поттикна еколошката свест, тимската работа и одговорноста кај младите, испраќајки силна порака дека грижата за природата започнува од нас.