Гимназијата „Добри Даскалов“ еден од домаќините на XXXIV регионален натпревар по информатика

Гимназијата „Добри Даскалов“ беше еден од домаќините на XXXIV Регионален натпревар по информатика во организација на Здружението на информатичари на Македонија, кој се одржа на 1 март 2026 год. Натпреварот се одржа на пет локации и тоа: Гимназијата „Добри Даскалов“ Кавадарци, Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство – ФИНКИ Скопје, СОУ„Јане Сандански“ Струмица, Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп и ПСУ „Јахја Кемал“-Струга

Во просториите на Гимназијата „Добри Даскалов“  учествуваа 20 учесници од Кавадарци, Неготино, Велес, Битола,  и Гевгелија.

Програмирањето е важен дел од креирањето на критичкото размислување за секој ученик и развивање на идеја, постапка, односно алгоритам за решавање на одредена зададена задача. Затоа Гимназијата „Добри Даскалов“ секоја година учествува со свои ученици на натпреварите по информатика МЕНДО – од областа на програмирањето, во организација на Здружението на информатичари на Македонија – ЗИМ.

На регионален натпревар што се одржа на 01.03.2026 год. учество земаа следниве  ученици Крстев Андон I-3, Милков Филип II-4, Павел Мукаетов III-2, Бадев Александар III-4, Василев Кирил IV-4, и Клинчаровa  Гордана IV-4  под менторство на професорите по инфроматика Благородна Лазова и Наталија Камчева.

За учество на државниот натпревар се пласираа учениците Крстев Андон I-3, Милков Филип II-4 и Бадев Александар III-4,а останатите ученици добија пофалба за успешно учество.

XXXVII државен натпревар по информатика ќе одржи 28.03.2026 на факултетот ФИНКИ.

Им посакуваме успеси на учениците на натпреварите што следуваат.