Хакатон 2025 година во просториите на ФИНКИ

На 8ми и 9ти Ноември во просториите на ФИНКИ се одржа Хакатон на тема дигитална писменост и безбедност на интернетот. Настанот се организира за првпат во Македонија, под покровителство на Европската комисија преку Digieduhack, со поддршка од mksafenet – Центар за побезбеден интернет. Тука имаа можност да учествуваат и нашите ученички од трета и четврта година Лилјана Лазова III-3, Елена Илова IV-3 и Цветанка Ристовска IV-3.

Целта беше да се најдат решенија за да се помогне да се балансира времето пред екрани во дигиталната ера, како да се заштитиме при користење на интернет и да се поттикнат младите да размислуваат како технологијата може да ја поддржи менталната добросостојба!