Хуманитарна акција на учениците од СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ Кавадарци

На 23.12.2024 година се одржа хуманитарна акција по 14ти пат од учениците од Гимназија „Добри Даскалов“ под менторство на проф. Елизабета Иговска и поддршка на директорот м-р Зоран Милевски во дневниот центар за лица со попреченост во Кавадарци. Воедно беше одбележан 3 декември – Денот на лицата со попреченост и Новогодишните празници.


Во акцијата активно беа вклучени ученичкиот парламент, под менторство на проф. Наташа Матакова и проф. Стефанија Костадинова.


Се донираше аголна гарнитура за седење, принтер, новогодишни пакетчиња и друштвени игри. Радоста кај сите беше присутна при предавањето на донацијата. Исто така и во мал групен дом беа донирани новогодишни пакетчиња.