На 12 март 2026 година, во СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ – Кавадарци се реализираше крводарителска акција во која активно учество земаа учениците од училиштето. Тие со голема одговорност и хуманост се вклучија во акцијата, покажувајќи висока свест за значењето на дарувањето крв и помагањето на оние на кои им е најпотребна.
Со својата подготвеност да помогнат, учениците испратија силна порака за солидарност, емпатија и општествена одговорност. Нивниот пример покажува дека младите луѓе се важен двигател на хуманите вредности и позитивните промени во заедницата.
Училиштето изразува благодарност до сите ученици кои учествуваа во оваа хумана акција и придонесоа за спасување човечки животи


