Инфо-ден на ученичкиот правобранител

Новоизбраниот ученички правобранител, Влатко Јосифов, на 13.11.2025 година во училишниот хол на нашето училиште реализира Инфо-ден преку кој ја промовира својата функција. Преку разговор и делење флаери како пропаганден материјал, ученичкиот правобранител ја доближи својата функција до сите ученици во училиштето. За време на големиот одмор, учениците имаа можност да се информираат што претставува функцијата ученички правобранител и како можат да ги остварат и заштитат нивните права во училиштето. Преку делењето на пропагандниот материјал, учениците беа охрабрени да го пријавуваат прекршувањето на нивните права во училиштето, како од страна на вработените, така и од страна на соучениците.