По упатениот повик за Дете правобранител во месец октомври на кој се пријавија четири кандидати, на 20.10.2025 година во нашето училиште се одржа избор за Дете правобранител. Дете Правобранител претставува ученик кој ќе се грижи за заштита и почитување на правата на децата во училиштето, кој ќе има обврска да ги промовира правата на детето, да препознава повреда на детските права во рамките на училиштето и да ги пријави сите случаи на повреда на детските права до надлежните органи во училиштето.
Изборот беше спроведен по демократски пат, преку тајно гласање, што овозможи сите ученици слободно да го изразат своето мислење и поддршка. Право на глас имаа сите ученициод училиштето, кои активно учествуваа во изборниот процес. Атмосферата беше исполнета со другарство и почитување на правилата на изборот.
Новoизбраниот Дете правобранител, Влатко Јосифов ќе ја има важната улога да ги афирмира и застапува правата на учениците, да се грижи за подобрување на ученичките услови и да придонесува кон создавање на позитивна и праведна училишна средина.
Со овој избор учениците уште еднаш покажаа дека ја разбираат важноста на демократијата, одговорноста и почитта кон туѓото мислење.
Директорот на училиштето м-р Зоран Милевски му упати честитки на избраниот Дете правобранител и изрази благодарност до сите кандидати за нивната посветеност и храброст.
